Емотивни (и шеговити) цитати кои ќе ве натераат да ја гушнете вашата мајка

Без разлика на вашата возраст, без разлика дали уште е со вас или прерано ве „напуштила“, вашата мајка секогаш ќе има посебно место во вашето срце.

emotivni-i-shegoviti-citati-za-nezamenlivata-ljubov-pomegju-majkite-i-decata01.jpg

А, бидејќи понекогаш е тешко да се опише мајчината љубов, но и љубовта што вие ја чувствувате кон неа, цитатите од познати, па и анонимни личности, можат да бидат од голема помош.

Па, прочитајте ги овие емотивни цитати, вклучувајќи и неколку шеговити, кои одлично ја доловуваат љубовта на мајката и децата:

„Срцето на мајката е огромна бездна, на чие дно секогаш ќе најдете прошка“ – Оноре де Балзак

„Природната состојба на мајчинството е несебичноста. Кога ќе станете мајка, повеќе не сте во центарот на вашиот универзум. Им ја отстапувате таа позиција на вашите деца“ – Џесика Ланџ

„Младоста поминува, љубовта слабее, лисјата на пријателството венеат. Надежта на мајката ги надживува сите нив“ – Оливер Вендел Холмс

emotivni-i-shegoviti-citati-za-nezamenlivata-ljubov-pomegju-majkite-i-decata-02.jpg

„Мајчината љубов е горивото што ѝ овозможува на обичната личност да го направи невозможното“ – Марион К. Гарети

„Мајката го разбира она што детето не го кажува“ – еврејска поговорка

„Кога сте мајка, никогаш не сте целосно сами во вашите мисли. Мајката секогаш мора да размисли двапати – еднаш за себе, а еднаш за нејзиното дете“ – Софија Лорен

„Мамо, нишките на твојата љубов се проткаени низ моето срце“ – непознат автор

emotivni-i-shegoviti-citati-za-nezamenlivata-ljubov-pomegju-majkite-i-decata-04.jpg

„Најдобриот лек во светот е мајчиниот бакнеж“ – непознат автор

„Мамо, те сакам, дури и ако не ти ја прифаќам понудата за пријателство на Фејсбук“ – непознат автор

„Мајката ќе ти прости за сите недостатоци, дури и оние кои ги немаш“ – Роберт Браулт

emotivni-i-shegoviti-citati-za-nezamenlivata-ljubov-pomegju-majkite-i-decata-03.jpg

„Сфатив дека кога ја гледаш својата мајка, гледаш во најчистата љубов“ – Мич Албом

„Мајката е твојот прв пријател, твојот најдобар пријател и твој пријател засекогаш“ – непознат автор

„Мајка ми мѝ е идол уште пред да дознаам што значи тој збор“ – Лиса Лесли

emotivni-i-shegoviti-citati-koi-kje-ve-nateraat-da-ja-gushnete-vashata-majka.jpg

„Мајката е личност која може да ги замени другите, но никој не може да ја замени неа“ – непознат автор

„Бог не можел да пристигне да прави сè одеднаш, па затоа ги создал мајките“ – Рудјард Киплинг

„Нема начин да бидете совршена мајка, но постојат милиони начини да бидете добра мајка“ – Џил Черчил

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg