10 безвременски цитати на Disney антагонистите кои „потајно“ ги обожаваме
Веројатно, повеќето од нас ќе се согласат со фактот дека анимираните филмови на Disney неуморно ги освојуваат нашите срца.
Без разлика на тоа колкупати сме ги гледале, нивниот чудесен преплет на раскажување е секогаш интересен и возбудлив да се погледне повторно.
Во светот на Disney владее магија, зарем не?!
Секако дека идејата на овие анимирани приказни е низ ликовите на многуте протагонисти да го промовираат доброто наспроти злото, но потајно, а можеби и не, мора да признаеме дека многумина од нас ги фаворизираат „злобниците“, со нивните уникатни и незаборавни реплики.
Ова се должи на совршената доза саркастичност, нивниот посебно пакосен „шарм“, а и да не се лажеме, вистинитоста којашто прецизно ја доловуваат овие цитати.
Во принцип, негативците без „влакна на јазикот“ го кажуваат она што им паѓа на ум, така што не е ни чудно зошто некои луѓе просто ја идеализираат оваа нивна карактеристична особина.
Во продолжение ги издвојуваме 10-те незаборавни, култни цитати на Disney антагонистите:
1. „Светот е суров. Светот е злобен“ – Клод Фроло, The Hunchback of Notre Dame
2. „Опкружен сум со идиоти“ – Скар, Lion King
3. „Сте слушнале за златното правило, нели?! Кој го има златото, тој ги поставува правилата“ – Џафар, Aladdin
4. „Животот е полн со тешки избори, зарем не?!“ – Урсула, The Little Mermaid
5. „Морам да кажам, навистина се почувствував вознемирено поради тоа што не добив покана“ – Злобната вила, Sleeping Beauty
6. „Се разбира, има објаснување. Видете... Јас сум навистина ужасна личност“ – Круела де Вил, 101 Dalmatians
7. „Љубоморна жена може да биде измамена во сè“. – Капетан Кука, Peter Pan
8. „Погледни во огледалото. Гледам силна, самоуверена, убава млада дама. О, гледај, и ти си тука“ – мајката Готел, Tangled
9. „Јас секако, немам никакви чувства“ – Распутин, Anastasia
10. „Mегара: Овој е различен. Тој е искрен и сладок и не би направил ништо за да ме повреди... Хад: Тој е момче!“ – Хад, Hercules
Мила М. | Црнобело