Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мудри совети од бабите: Никогаш немој да му противречиш на мажот – молчи и прави си како што тебе ти одговара

Бабите најчесто ја имаат таа моќ да дадат совет каков што не може да слушнете од никој друг. Многупати нивните совети и зборови може да ни звучат чудно, но со текот на годините може да сфатите дека имаат логика.

nekoj-ima-lifecoach-nekoj-ima-baba-del-od-nejzinite-zhivotni-soveti-001.jpg

Оние кои почувствувале како е да се има баба која е како животен советник, сигурно ќе сфатат некои од следниве совети. 

А, оние кои немале шанса да слушнат некоја мудрост од својата баба, може да научат нешто ново, бидејќи најчесто бабите имаат решение и совет за секоја ситуација.

Животни совети кои можеби ниту вашата баба не ги знаела - секако сфатете ги на шеговит, не толку сериозен начин:

Никогаш не се преправај дека си маж! Тој нека си ја врши неговата, ти твојата работа!

Ако маж треба да ти дојде дома, а јадењето не е готово – среди се и нашминкај се. Подобро е да те види како средена го доправаш ручекот, отколку неисчешлана како ја сервираш храната.

Никогаш немој да му противречиш на мажот – молчи и прави си како што тебе ти одговара.

Избегнувај да се мазиш со мажот. Тој не е дете. Но, понекогаш, во моменти на замор, гушни го како дете, како да си му мајка. Но, не подолго од 5 минути.

Никогаш не го гледај својот одраз во огледалото кога си лута. Прво смири се, погледни некое цвеќе, гледај во небото, сети се на нешто убаво, па дури потоа огледај се.

Никогаш не јади откако ќе зајде сонцето.

Секогаш прави го она што те прави среќна, дури и ако твојот сопруг е против тоа. Избегнувај полемика на таа тема. Времето ќе помине, тој ќе се навикне и ќе престане да се буни. А, твоето добро расположение ќе му го загрее срцето.

Барајте изговор што почесто да се забавувате и смеете. Леснотијата на женската насмевка го отстранува тешкиот терет од машките раменици.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg