10 реални цитати на познатиот педијатар Евгениј Комаровск

Докторот Евгениј Комаровск е еден од најпризнаените педијатри на просторот на поранешна СССР, но и цела Европа. Овој влијателен доктор, роден во Украина, има издадено повеќе од 15 книги за воспитување на децата.

10-najpoznati-citati-na-poznatiot-pedijatar-evgenij-komarovsk-01.jpg

Неговите совети вредат злато за родителите – многу се едноставни и моќни.

Ова се 10 негови најпопуларни цитати:

100% од возрасните знаат како да направат бебе, но 99.9% не знаат како да направат луѓе од децата.

Психичката благосостојба на мајката која се грижи за детето е приоритетна задача за таткото. Таткото е тој чија обврска е да ги решава проблемите со роднините и комшиите.

Среќно дете е детето кое е здраво, а дури потоа може да биде во состојба да чита или да свири виолина.

Среќно дете е детето кое има мајка и татко кои имаат време да го сакаат, но имаат време и еден за друг.

Лично, кога ми доаѓаат родители со болежливо детенце често им советувам да си купат куче. Заради кучето ќе имаат реална причина да излегуваат на прошетка барем два пати во денот.

Ако вашето дете цела година било болежливо, ако не трчало, одморот на село може да има значително подобар ефект на неговото здравје отколку летување во хотел со 5 ѕвездички.

Најважна работа на свет е среќно и здраво семејство. Семејството треба да ги штити своите интереси, не само интересите на детето. Не можам да замислам моето дете да добие чоколадо, а да не ја подели на три дела.

Најважната работа на светот – ти не си центар на светот. Ние, односно семејството е центар на светот. Добрите луѓе се добри кон сите. Споделувај ја добрината. Немој да се жалиш.

Ни најдобриот педијатар нема да ги реши здравствените проблеми на детето. Тоа е невозможно, затоа што пред се, неговото здравје во голема мера зависи од мајката и таткото.

Детето не му е должно ништо никому.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg