Нема природни ресурси, ниска стапка на криминал: Забавни факти за Тувалу, државата која наскоро ќе биде под вода
10. На речиси сите островчиња од државата се наоѓаат мали продавници, од кои може да се купи конзервирана храна и ориз. Тие имаат и јавно место, познато како falekaupule, или „соба за состаноци“, каде што се дискутираат важни работи, се прославуваат венчавки и слично.
11. Улиците во Тувалу биле асфалтирани дури во средината на 2002 година. Во целата држава, има само 8 километри асфалтиран пат.
12. Населението во Тувалу е измешано – околу 90% се со полинезиско потекло, а мал процент од населението има потекло од Микронезија. Официјалниот јазик е тувалскиот, но доста често се користи и англиски.
13. Образованието во Тувалу е бесплатно и задолжително за деца од 6 до 15 години. Секој остров има свое основно училиште, но има само едно средно. Воглавно, околу 99% од населението е писмено.
14. Семејствата во Тувалу следат навистина интересна традиција – секое семејство има salanga, или задача која мора да ја изврши за доброто на целото општество. На пример, некои семејства ловат риба, а некои се градители. Најчесто овие вештини, или задачи, се пренесуваат од колено на колено.
15. Танцувањето и музиката се важен дел од тувалунската култура, а еден од најпознатите танци е наречен fatele.
16. Тувалу има и национален фудбалски тим кој не е дел од FIFA, туку само е член на Фудбалската конфедерација на Океанија. Државата има учествувано и во летните Олимписки игри во 2008, но не освоија ниту еден медал. Досега се немаат натпреварувано во зимските Олимписки игри.
17. Спомнавме дека Тувалу е сиромашна со природни ресурси – почвата е неплодна и не е погодна за никаква агрикултура. Истовремено, овде речиси и да нема диви животни, па за месо се одгледуваат свињи. Населението доста чест консумира и морска храна, како ракови и риби.
18. Во државата постои и недостаток од свежа вода – овде нема езера и реки, па во минатото се копале бунари. За жал, сега повеќето бунари се загадени од канализацијата, па жителите собираат дождовница.
19. Најголемата опасност со која се соочува државата е зголемување на нивото на водата во океаните. Научниците предвидуваат дека за 50 до 100 години, овие острови нема да бидат погодни за живеење. Наводно, веќе се прават планови за преместување на населението кога ќе дојде време за тоа, а предвид се земени држави како Нов Зеланд, Фиџи и Австралија.
Спирова С. | Црнобело