„Не сите љубови ќе траат засекогаш“ – Цитати што ќе ви помогнат да преболите разделба

Бидејќи е факт дека повеќето врски завршуваат со раскинување, речиси и да не постои личност на која не ѝ било скршено срцето.

ne-site-ljubovi-kje-traat-zasekogash-citati-shto-kje-vi-pomognat-da-prebolite-razdelba-001.jpg

Во тешките моменти можете да си го подобрите расположението со музика или некој филм, но сигурно ќе ви помогнат и зборовите на некои писатели и поети кои поминале низ истото.

Овие цитати можеби ќе ви помогнат да сфатите дека болката е минлива, можеби ќе ви ја променат перспективата, а можеби и ќе ви помогнат полесно да ја преболите изгубената љубов.

Во продолжение погледнете неколку вакви цитати од познати автори:

„Можеби некогаш ќе си дојдам дома поразена. Но тоа нема да се случи сè додека можам да пишувам приказни за моето срце, сè додека наоѓам убавина во тагата“. - Силвија Плат

„Скршеното срце е како скршено стакло: иако е невозможно две скршени парчиња да се спојат совршено, на крај, не е ни важно, бидејќи ефектот е идентичен“. – Даниел Аларкон

download.jpg

„Страдаме бидејќи мислиме дека даваме повеќе отколку што добиваме. Страдаме бидејќи нашата љубов не е забележана. Страдаме бидејќи не можеме да си поставиме наши правила“. – Пауло Коелјо

„Никогаш не дозволувајте некој да ви биде приоритет, додека вие сте негова втора опција“. - Марк Твен

„Кога стоете во шумата на тагата, не можете ни да си замислите дека ќе одите на подобро место. Но, ако некој може да ве убеди дека се наоѓал на истото место, и сега го преболел, понекогаш, ова ќе ви даде надеж“. - Елизабет Гилберт

ljubovta-e-kratka-zaboravanjeto-e-dolgo-citati-od-poznati-avtori-shto-kje-vi-pomognat-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-03.jpg

„Љубовта никогаш не е изгубена. Ако не е возвратена, ќе се врати кај вас и ќе ви го омекне и прочисти срцето“. - Вашингон Ирвинг

„Не сите љубови ќе траат засекогаш. Некои горат како оган, сè додека не остане ништо освен пепел и црно мастило на кожата“. – Зораида Кордова

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg