„Ако личност со редок талент е принудена да работи нешто корисно, тоа е како скапоцена вазна да ја користите како кујнски лонец“ – најдоброто од Ирвин Јалом
Авторот на популарните наслови „Лекување со Шопенхауер“, „Кога Ниче плачеше“, „Проблемот Спиноза“ е почесен професор по психијатрија на универзитетот „Стенфорд“.
Ирвин Дејвид Јалом е познат американски психотерапевт, психијатар и писател, особено заинтересиран за хуманистичкиот и егзистенцијалистичкиот аспект на човештвото.
Неговите цитати ќе ве погодат во срцето, невозможно е да не ги почувствувате во центарот на душата:
„Стравот од смртта е мајка на сите религии, а секоја од нив на свој начин се обидува да ја ублажи агонијата на нашиот крај.“
„Дали мислите дека цветот цвета да биде сакан? Тој цвета за себе, а не за другите.“
„Бракот не смее да биде затвор, туку градина во која се одгледува нешто благородно.“
„Домот не е место, тој е состојба на свеста.“
„Запрашајте се кои луѓе се сигурни во себе, вечно ведри и смирени. Такви се само луѓето без визија, простите луѓе и децата. Очајот е цената што човекот ја плаќа за самосвесноста.“
„Интелигентниот човек не е секогаш сигурен во тоа што работи и го зборува. Паметните луѓе секогаш се преиспитуваат.“
„Не раѓајте деца додека не бидете подготвени да бидете создатели и да создавате создатели. Погрешно е да се раѓаат деца од потреба, да се користи детето за пополнување на осаменоста, да се произведуваат копии од себе за самите да си обезбедиме цел.“
„Кога личност која поседува ретки таленти ја принудувате да работи некаква работа затоа што е корисна, тоа е како скапоцена и деликатно украсена вазна да ја користите како кујнски лонец.“
„Само ранет исцелител може навистина да лекува.“
„Секој човек мора да одлучи колку вистини може да поднесе.“
(О)Милена | Црнобело