„Колку ме имаат просено, малку се имам мажено“ - најсмешните изјави на Наташа Беквалац
Наташа Беквалац обожава да се шегува на своја сметка, a eдна од нејзините фамозни изјави е: „Лесно ти е тебе да бидеш чесна, кога никој не те сака.“
Наташа Беквалац е една од познатите личности од регионот која дава најзабавни изјави, а дури и ако не ви е на листата пејачи и не го сакате нејзиниот стил на музика, овие изјави ќе ве насмеат.
Атрактивната русокоса се шегува на сметка на својот изглед, финансиската ситуација, но најмногу од сѐ за своите 3 пропаднати бракови.
На социјалните мрежи во Србија дури има тренд: „Која изјава на Наташа Беквалац сте вие?“, каде луѓето се препознаваат во нејзините изјави и си ги споделуваат на своите профили.
Инаку, Беквалац има две ќерки и вели дека заедно со дадилката, како и нејзината сестра Кристина Беквалац, го има своето совршено семејство.
Дел од забавните изјави на Беквалац:
Колку ме имаат просено, малку се имам мажено!
Јас сум вечно во финансиски проблеми – уште откако се родив.
Кога некој ќе спомне мажење, јас се вртам и гледам кој ме вика.
На која венчавка беше најубава? Ќе бидам на четвртата.
Гледајте ме мене и правете сѐ спротивно.
Прават идиот од мене, а толку поубави и подобри работи може да се направат од мене.