Гласини за неверство и лошо влијание врз актерот – Факти за врската на Мила Кунис и Меколи Калкин
Раскинувањето не било воопшто лесно
Кога парот соопшти дека се разделува, медиумите сметаа дека раскинувањето било „пријателско“.
Неколку години подоцна, Мила сподели дека раскинувањето било далеку од пријателско и дека таа се обвинувала за целата ситуација. Јавноста, пак, никогаш не дозна која е причината за разделбата.
Гласини за неверство со сегашниот сопруг на Мила
По раскинувањето, не помина долго пред да почнат гласините за неверство од страна на Мила, и тоа со Ештон Кучер.
Меколи и Мила раскинаа во 2011-та, а таа и Ештон ја почнаа врската во 2012-та.
Раскинувањето имало лошо влијание врз Меколи
Периодот кога Мила и Ештон ја почнаа врската, по медиумите почнаа да кружат фотографии од Меколи што ги загрижија фановите. Веднаш почна да се зборува дека актерот има проблеми со зависност, но најверојатно ова не е вистина.
Меколи е во врска со Бренда Сонг од 2017-та
Во 2017-та, Меколи беше првпат забележан со Бренда Сонг. Подоцна се потврди нивната врска и тие се заедно до денес.
Меколи и Мила не се пријатели
Наводно, актерите не се обиделе да го одржат пријателството после раскинувањето. И двајцата само си продолжиле со своите животи.
Спирова С. | Црнобело