10 инспиративни цитати кои ќе ни ја кренат енергијата во домашен карантин

Сите сме во исчекување да стивне пандемијата. Времето поминува брзо, но деновите изгледаат како вечност. Парадоксално, нели?

Inspirativni-citati-za-vo-domashen-karantin-01.jpg

Некои ги поминуваат деновите со игра и смеа, други се борат за секој нов здив поради паниката и анксиозноста којашто ја чувствуваат. Не сте сами. На сите ни е тешко. Но, не смееме да заборавиме дека после дождот секогаш доаѓа сонце. И никогаш не треба да престанеме да се надеваме.

Ова се дел од најубавите инспиративни цитати кои ќе ни ја поткренат енергијата додека седиме во домашен карантин:

„Животот ти носи работи кои не можеш да ги контролираш, но сè уште имаш избор за начинот на којшто ќе се справиш со нив“ – Селин Дион

„Не треба ништо да ве плаши во животот, треба само да се разбере. Сега е моментот да разберете што е можно повеќе, за да се плашите помалку“ – Марија Кири

„Во средината на хаосот постои исто така и можност“ – Сун Цу

„Доколку поминуваш низ пекол, продолжи да чекориш“ – Винстон Черчил

„Она што нема да нè убие ќе нè направи посилни“ – Фридрих Ниче

„Домот е засолниште од бури – секаков тип на бури“ – Вилијам Бенет

„Сè ќе биде во ред на крајот. Доколку не е во ред, тогаш не е крај“ – Џон Ленон

„Сам по сам можеме да направиме мала разлика, заедно можеме да направиме многу повеќе“ – Хелен Келер

„Некои луѓе се во потрага по убави места. Некои го прават местото убаво“ –  Хазрат Кан

„Знаењето не е доволно – мора да го примениме. Желбата не е доволна – мора да преземеме акција“ – Гете

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg