„Имај храброст да живееш. Секој може да умре“ - 30 најдобри инспиративни цитати од анонимни луѓе

Дел од најдобрите цитати всушност ги кажале анонимни луѓе. Речиси на сите ни е омилена изреката „Не се расправај со будала, ќе те симне на неговото ниво, а потоа ќе те победи со искуството“. Всушност, авторот на оваа изрека е непознат.

30-najdobri-inspirativni-citati-od-anonimni-lugje-01.jpg

Доколку ви е потребно охрабрување и доза инспиративни цитати, прочитајте ги најдобрите од анонимни автори:

Единственото ограничување е твојата имагинација.

Не дозволувај проблемите да те туркаат, дозволи соништата да те водат.

„Не можам“ е кукавицата, „ќе се обидам“ е војникот, „ќе го направам“ е кралот.

Најголемата сила на светот е позитивната идеја.

Свеќата нема да го изгуби сјајот доколку со неа запалите друга свеќа.

Сонот не е она што го искусуваш додека спиеш, сонот е нештото што не ти дава да заспиеш.

Не постои лифт до успехот. Мораш да одиш по скалите.

Направи нешто што ќе биде вредно да се запамети.

Љубезноста е јазик којшто слепите можат да го видат, а глувите да го слушнат.

Тој што им пристапува на работите со трпение е победник.

Среќата никогаш не е целосна доколку не се сподели.

Доколку си среќен секој ден во животот, тогаш не би бил човечко суштество. Би бил водител на забавна емисија.

Сонувај за утрешнината, но живеј ја сегашноста.

Имај храброст да живееш. Секој може да умре.

Мудроста е составена од две работи: да имаш да кажеш нешто паметно и да не кажеш апсолутно ништо.

Носи насмевка на себе, бесплатно е.

Мудрите луѓе зборуваат од искуство. Помудрите, од искуство, не зборуваат.

Живееме онолку долго колку што другите се сеќаваат на нас.

Не ја спремај патеката за детето, спреми го детето за патеката.

Победникот секогаш има план, губитникот секогаш има изговор.

Не им завидувај на злобните луѓе, ниту пак го посакувај нивното друштво.

Дијамантот е парче јаглен кое се прави под притисок.

Никогаш не се расправај со будала. Прво ќе те симне на неговото ниво, а потоа ќе те победи со помош на искуството.

Интегритетот најдобро се покажува кога никој не те гледа.

Тревата е секогаш позелена на другата страна, сè додека не ја прескокнеш оградата и не го видиш плевелот одблиску.

Биди љубезен кон оние коишто се нељубезни, ним најмногу им е потребно тоа.

Пази се од волкот маскиран во овца.

Оние коишто се во потрага по совршени пријатели остануваат сами.

Сите луѓе прават грешки, само будалите ги повторуваат.

И најмалото дело е повредно од најдобрата неостварена намера.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg