Првиот будилник ѕвонел само во 4 наутро - 10 интересни факти за технологијата
Доколку ве интересира како изгледала првата веб-страница на интернет, потеклото на QWERTY тастатурата и историјата на будилникот, тогаш сте на вистинското место.
Во следните редови ќе ви ги откриеме интересните работи поврзани со технологијата што можеби не сте ги знаеле.
1. Првиот видео рекордер е продаден во 1956 година за 50.000 долари, а бил голем колку клавир.
2. Еден петабајт е еквивалентен на 1024 терабајти, што е доволно меморија за зачувување на 13,3 години HD видео.
3. Компанијата Nintendo постои од 1889 година, а пред да започне да прави видео игри, продавала карти за играње.
4. Првиот будилник, измислен во 1787 година од Леви Хачинс, можел да ѕвони само во 4 часот наутро.
5. Брзината на интернетот на НАСА е 91 гигабајт во секунда.
6. Првата QWERTY тастатура била направена со цел да пишуваме побавно. Нејзиниот творец, Кристофер Латам Шолс, намерно ги оддалечил често користените букви едни од други за да спречи заглавување на тастатурата, што претставувало проблем кај претходните машини за пишување.
7. Мартин Купер, инженерот на Motorola, во 1973 година го направил својот прв телефонски повик со мобилен телефон.
8. Првата веб-страница на Тим Бернерс-Ли, креаторот на World Wide Web, сè уште постои.
9. Дури 6.000 нови компјутерски вируси се појавуваат секој месец.
10. Се проценува дека луѓето задржуваат само 1 од 10 апликации што ги купуваат. Остатокот го бришат порано или подоцна.
Ашера | Црнобело