Имал 11 деца и ниту еден хит во САД - Сѐ што не знаевте за Боб Марли

За повеќето луѓе, Боб Марли е синоним за реге музика. Овој музичар со суканици беше познат во текот на неговиот живот, но откако почина во 1981 година, стана вистинска легенда.

Se sto ne znaevte za Bob Marli 01

Боб Марли на светот му ја покажа музиката од Јамајка, а во своите обожаватели всади желба за потрага по слобода, правда и, секако, љубов.

Во продолжение ќе се потсетиме на некои факти од неговиот живот за кои можеби не сте знаеле:

Боб Марли бил мелез

Поради неговите антиколонијални текстови и растафаријанизмот, многумина веруваат дека Марли бил црнец. Сепак, тоа не е целосно точно.

Неговата мајка имала темна боја на кожата, но таткото на Марли бил белец.

Марли некое време живеел во САД

Откако се оженил со Рита Андерсон во 1966 година, Боб Марли се преселил со неа во Вилмингтон, Делавер.

Неговата мајка живеела таму во тој период, а во наредните осум месеци, Марли бил вработен како асистент во лабораторијата DuPont и работник во фабриката Chrysler.

Боб Марли преживеал обид за убиство

На 3 декември 1976 година, седум вооружени лица влегле во домот на Марли во Кингстон и почнале да пукаат. Сопругата и менаџерот на Марли биле ранети, а славниот пејач бил застрелан во раката и градите.

Верувале или не, тој се појави на сцената во Кингстон само два дена по овој несреќен настан.

Интересно е што куршумот остана во раката на Марли до неговата смрт, бидејќи операцијата за негово отстранување била премногу ризична.

se-sto-ne-znaevte-za-bob-marli-02.JPG

Боб Марли како изведувач никогаш немал хит во САД

Песната на Марли „Stir It Up“ изведена од Џони Неш се искачи на 12-то место на најдобрите синглови, а верзијата на „I Shot the Sheriff“ на Ерик Клептон во 1974 година беше на прво место.

Сепак, самиот Марли не се ни приближил до овој успех, барем кога станува збор за продажба на синглови во САД.

Боб Марли имал многу деца

Боб Марли имал многу доблести, но верноста не била една од нив. Тој редовно ја изневерувал Рита за време на нивниот брак, кој траел од 1966 година до неговата смрт во 1981 година.

Тие имаат три деца (Стивен, Дејвид и Седел), а Марли ги посвоил двете деца од првиот брак на Рита (Шерон и Стефани). Официјално, тој има уште шест деца (Роберт, Рохан, Демијан, Кимани, Џулијан и Карен) со исто толку различни жени.

Многумина сметаат дека и Имани и Мадек, за кои се верува дека се негови деца, треба да бидат додадени на списокот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg