Теорија на заговор или факти? 5 (не)веројатни работи околу првата прошетка по Месечината
На 16 јули, 1969 година, Аполо 11 бил лансиран од Кејп Кенеди, Флорида, во САД. По пет дена, Нил Армстронг станал првиот човек што стапнал на површината на Месечината.
Дали ова навистина се случило или не?
Ова се 5 (не)веројатни работи за слетувањето на Месечината што сè уште предизвикуваат чудење:
1. Не постои добра фотографија на Нил Армстронг од Месечината
Нил Армстронг е првиот човек што шетал по Месечината, но не постои добра фотографија од него што го докажува ова.
Онаа што постојано циркулира во литературата и на интернет, всушност, го прикажува другиот астронаут, Буз Олдрин.
2. Во екипажот на Аполо 11 имало уште еден човек
Секој знае дека Нил Армстронг и Буз Олдрин прошетале по Месечината, но со нив бил и Мајкл Колинс. Овој астронаут управувал со командниот модул на вселенското летало Аполо 11 и не се движел надвор од орбитата на Месечината.
Иако тој не бил на површината на Месечината, мисијата немало да биде успешна без него.
3. Армстронг донел нешто важно со него во вселената
Браќата Рајт се првите луѓе што успеале да полетаат со авион. Овој важен момент во историјата на авијацијата се случил на 17 декември 1903 година.
За да им одаде почит, Нил Армстронг со себе земал дрвено парче од нивниот авион.
4. Америка била подготвена за неуспех
До 1969 година, човечката нога не стапнала на површината на Месечината. Иако скоро 400.000 експерти од различни области биле вклучени во програмата Аполо 11, сите биле подготвени за евентуален неуспех на вселенската мисија.
Претседателот на САД, Ричард Никсон, дури имал подготвен говор, во случај астронаутите никогаш да не се вратат на Земјата.
5. Луѓето не стапнале на Месечината
Добар дел од светот не верува дека Нил Армстронг стапнал на Месечината. Теоретичарите на заговор тврдат дека Американците ја изгубиле вселенска битка со поранешниот Советски сојуз (кој го испратил првиот човек и првиот сателит во вселената) и решиле да им возвратат.
Го замолиле Стенли Кјубрик да го режира првото слетување на човекот на Месечината.
Иако овие теории не се потврдени, денес многумина веруваат дека слетувањето на Месечината е „снимено“ во холивудско студио.
Ашера | Црнобело