„Ништо не е повредно од смеата, силен човек е оној кој може да се смее“: Најубавите цитати на Фрида Кало
„На крајот на денот сфаќаме дека можеме да поднесеме многу повеќе отколку што мислиме дека можеме“.
Кога трагедијата од жената создава уметник и кога болката и ужасот ќе се пренесат на платното, можно е да се влезе во еден поинаков свет.
Фрида Кало е една од најпознатите сликари на сите времиња, а нејзиниот живот бил полн со болка и трагедија.
На шестгодишна возраст, Фрида страдала од детска парализа, што резултирало со деформитет на едната нога, а неколку години подоцна трамвај удрил во автобус во којшто се возела.
Последиците на оваа несреќа ги чувствувала до крајот на животот. Но, исто така, овој период во неа се родила сликарката која ќе стане легенда меѓу уметниците.
Ова се најубавите цитати на легендарната Фрида Кало:
„Сликам автопортрети бидејќи сум често сама и бидејќи себеси најдобро се познавам“.
„Мислеа дека сум надреалист, но не сум. Никогаш не ги сликам своите соништа. Ја сликам својата реалност“.
„Болката, задоволството и смртта не се ништо друго освен составен дел од животот. Револуционерните борби во текот на овој процес се патот кон интелигенцијата“.
„Јас сум муза на самата себе. Личноста што ја познавам најдобро. Личноста која сакам да ја запознаам подобро“.
„Навистина не знам дали моите слики се надреални или не. Она што го знам е дека тие се мојот најискрен личен израз“.
„На крајот на денот сфаќаме дека можеме да поднесеме многу повеќе отколку што мислиме дека можеме“.
„Ништо не е повредно од смеата. Силен човек е оној кој може да се смее“.
„Ништо не е апсолутно. Сè се менува, сè се движи, сè лета и одлетува“.
„Прво мислев дека сум најчудната личност на светот, а тогаш сфатив дека има толку многу луѓе на земјата, што веројатно некој друг се чувствува исто толку бизарно.
Ја замислував таа личност и како таа, веројатно, ме замислува мене. Па, ако постоиш и ги прочиташ овие редови, сакам да знаеш дека сум тука, дека сум исто толку чудна колку што си и ти“.
Ашера | Црнобело