Загина во авионска несреќа, нејзината смрт е мистерија: Факти за Амелија Ерхарт, првата жена која го прелета Атлантикот

Амелија Ерхарт била американски авијатичар и борец за правата на жените. Светот ја знае како првата жена која го прелетала Атлантикот, а нејзината трагична смрт до денес претставува мистерија.

ovie-fakti-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-amelija-erhart-01_2.jpg

Пред својот 40-ти роденден, Амелија започнала авантура која никој дотогаш не успеал да ја оствари - тргнала на пат околу светот со својот авион.

Меѓутоа, некаде над Пацификот, на 2 јули во 1937, нејзиниот aвион исчезнал, а нејзиното тело никогаш не било пронајдено.

Неколку факти што сигурно не ги знаевте за оваа неверојатна жена:

1. Ерхарт е втора личност која самостојно летала преку Атлантикот досега. Првиот бил Чарлс Линдберг, кој го извршил летот во мај 1927 година. Ерхарт го направила ова во мај, 1932 година.

2. Првпат кога видела авион, не била импресионирана. По нејзиното исчезнување беа објавени неколку нејзини дневници во форма на книга под наслов „Последен лет“.

Во еден од нив, Ерхарт се сеќава на моментот кога за првпат видела авион. Имала десет години и се сеќава дека воопшто не била импресионирана. Дури и откако некој ѝ кажал дека овој пронајдок може да лета, таа била повеќе импресионирана од шеширот што тукушто го купила.

Ovie fakti sigurno ne ste gi znaele za Amelija Erhart 01

3. Амелија Ерхарт не била единствениот успешен женски пилот во свое време. Неколку нејзини колешки биле подеднакво добри како неа, како Луиз Таден и Рут Николс.

Ovie fakti sigurno ne ste gi znaele za Amelija Erhart 04

4. Амелија не пиела ниту кафе, ниту чај. За да остане будна во текот на летањето користела мирисни соли. Сепак, постои еден пијалак што го сакала - топло чоколадо.

5. Амелија ги охрабрувала другите жени да летаат. Во текот на 1928 година, Ерхарт станала уредник на магазинот Cosmopolitan. Во овој период напишала 16 новинарски текстови во кои зборувала за улогата на жените во авијацијата.

Ovie fakti sigurno ne ste gi znaele za Amelija Erhart 02

6. Во првите пет месеци на 1935 година, Ерхарт станала прва личност - не само жена - која имала три импресивни рекорди.

Во јануари летала самостојно од Хонолулу, Хаваи до Оукленд, Калифорнија. Во април летала од Лос Анџелес до Мексико Сити, а неколку месеци подоцна, од Мексико Сити до Њујорк. Ниту еден од овие летови никогаш порано не бил самостоен.

7. Трагично, славата на Амелија Ерхарт се зголемила со нејзиното мистериозно исчезнување во 1937 година. Нејзиниот авион едноставно исчезнал.

Иако била спроведена голема потрага, најскапата во тоа време, ниту една трага од неа или нејзиниот авион никогаш не биле пронајдена. Ова, секако, навело некои луѓе да веруваат дека сепак преживеала.

Ovie fakti sigurno ne ste gi znaele za Amelija Erhart 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg