Кратко и слатко на ваша сметка
Кој вели дека човековиот ум знае за крај кога е во прашање креативноста? Како и да е знаеме дека вечни се спротивставеностите меѓу мажите и жените.
Ова се уште неколку кратки, слатки шеги:
1. Човекот е многу зафркната работа. Особено ако е жена.
2. Менувам цимер што ‘рчи за цимерка што воздивнува.
3. Да не нашла маж, жената би припитомила некое друго животно.
4. Кога ќе здогледа жена, мажот станува ловец. Кога ќе улови жена, мажот станува плен.
5. Водете љубов, а не војна. А можете и двете – венчајте се.
6. Њутн лаже. Лесните паѓаат побрзо.
7. Жените се како вино – колку се постари толку повеќе личат на буре.
8. Беше добра девојка, и сите ја сакаа... некои и повеќе пати.
9. Девиците и падобранците грешат само еднаш...
10. На почетокот со девојката се зборува: јагне мое, пиле мое мало... подоцна овие животни пораснуваат.
11. Сличност меѓу маж и паркет? Ако добро го наредиш можеш да го газиш и 40 години.
12. Зошто само 10% од жените одат во рајот? Кога би оделе повеќе, тоа би бил пекол.