Најстарата ќерка му е „проблематична“, има тајно дете: 15 факти за семејството на Путин
Постарата ќерка му задавала главоболки
Постарата ќерка, најверојатно со име Марија, имала група на пријатели кои не му се допаѓале на Путин. Некои од нив биле хомосексуалци, а Путин има строг став против правата на хомосексуалците во Русија.
Таа наводно се омажила за Холанѓанец и некое време живееле во Холандија. Но, откако почнале да пристигнуваат медиумите во малиот град каде била сместена, се преселила.
Постарата ќерка не била штедлива
Наводно Марија била девојка што обожавала луксузни забави и крстарења со јахти.
Уште како студент на Медицинскиот факултет во Москва се рафрлала со пари и тоа не му се допаѓало на нејзиниот татко.
Помаладата Катерина е почитувана танчарка
Таа настапува под прекарот Tikhonova и се обидува да мине тајно на танцувачките натпревари.
Излезе дури и видео од тоа како танцува, но никогаш не беше потврдено дали тоа е навистина помалата ќерка на Путин.
Катерина ја следи обезбедување насекаде уште од кога била мала
Катерина е млада и паметна девојка која студирала на престижна германска школа во Москва. Обезбедувањето ја следело секаде, дури и на забавите.
И додека Марија успевала да го сокрие својот идентитет, Катерина штом излегла од домот била на радарот. Мажена е за син на семеен пријател на Путин, а не за некој странец како сестра ѝ.
Наводно со помош на татко ѝ добила одлична работна позиција на престижниот Универзитет во Москва. Но, гласноговорникот на Путин негираше и дури кажа дека Путин не знае која е Катерина.
Путин има семејна вила во Франција
Кога сака да избега од обврските и да се релаксира комплетно оди во Франција.
Откри дека е дедо
Изненадувачи, во документарниот филм за него со Oliver Stone Путин откри дека е дедо и дека го обожава своето внуче, но нема многу време за да си игра со него.
Семејното богатство на Путин е огромно
Се брои во милијарди, но точни бројки нема.
Прочитајте и Обожава кучиња, имал двајца браќа: 12 интересни факти за Владимир Путин!
С. С. | Црнобело