Виси како лилјак за инспирација, нема ниту еден слободен ден во годината - 10 интересни факти за Ден Браун

Авторот на познатите бестселери „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Инферно“ и многу други е дел од сечија домашна библиотека. 

10-interesni-fakti-za-Den-Braun-01.jpg

Ден Браун е име без кое не може да помине ниту една дискусија за современите автори. Може да го сакате или да не ви е по вкус, но ретко кој останува рамнодушен на неговите приказни, заплети, ликови и мајсторски исткаеното дејство.

Воедно, Браун е ненадминат кога станува збор за точни, детални описи. Читајќи ги неговите книги имате чувство дека приказната се одвива токму пред вас, а вие имате билет во првиот ред.

Прочитајте ги следните 10 интересни факти за него, кои можеби ќе ви дадат идеја на што се должи неговиот успех:

Инспириран е од Сидни Шелдон

Ден Браун ја добил првата инспирација да напише книга откако ја прочитал книгата „Завера Суден Ден“ од Сидни Шелдон.

Очигледно моментот кога Ден Браун случајно нашол копија од книгата на плажа, додека бил на одмор во Тахити бил судбоносен.

Се обидел да стане музичар

Пред да стане писател, Ден Браун се обидел и во музичките води, па дури објавил и неколку албуми. Интересно, еден од неговите албуми носи наслов „Ангели и демони“, којшто е и наслов на една од неговите најпопуларни книги.

Никогаш не зема слободен ден

Ден Браун е богат човек којшто заработува милиони од неговите книги, но и покрај тоа, тој никогаш не си зема слободен ден.

Станува секое утро во 4 часот и пишува 7 дена неделно. За време на божикните празници можеби сите одмораме, но не и Ден Браун. Тој никогаш не отстапува од неговата пишувачка рутина, дури ни за време на празници.

Тој е еден од најпопуларните автори во светот

Најпопуларната книга на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“ е продадена во повеќе од 81 милион примероци низ целиот свет. Се верува дека Браун има продадено преку 200 милиони копии од своите книги. Неговите новели се преведени на 54 различни јазици.

Воедно, еден од најбогатите автори во светот

Во 2005 година имаше извештај кој вели дека Ден Браун заработил 76,5 милиони долари само од неговите книги. Истата година тој беше на листата на 100 највлијателни луѓе во Тајм магазинот. Неговата вредност се проценува на 120 милиони американски долари.

Мрази новели

Иако тој самиот пишува новели, сепак мрази да чита фикција и тешко му е да прочита цела новела. Ден Браун има изјавено: „Една од причините зошто не читам фикција е затоа што не можам да прочитам цела книга“.

Куќата му е изградена како лавиринт

Браун живее во својата куќа од 10 милиони долари во Њу Хемпшир. Куќата наликува на здание од неговите дела, со многу скриени пасажи и врати. Канцеларијата каде што тој ги пишува своите новели е скриена зад слика, а со притисок на копче таа се отвора и ве внесува во канцеларијата.

Куќата има и огромна библиотека каде што се сместени копии од сите негови книги на сите јазици на коишто се преведени. Тој оваа библиотека ја нарекува „тврдина на благодарноста“. Како што можете да погодите и библиотеката како и многу други делови од куќата исто така има многу тајни врати и пасажи.

Нема добри оцени од критичарите

И покрај неговиот огромен комерцијален успех, Ден Браун нема добри оцени кај критичарите. Британскиот писател Салман Ружди ја опишува најпопуларната книга на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“, како книга којашто е толку лоша што ги прави лошите книги да изгледаат добро.

Склекови секој час

Писателот на секој час прави пауза од пишувањето за да направи серија склекови. Тој има стар песочен часовник на своето биро за да го потсетува на секој час да направи пауза од пишувањето и да направи серија склекови, клекнувања и вежби за истегнување.

Чудниот лек за немањето инспирација

Како и многу други автори, така Браун вели дека страда од немање инспирација понекогаш. За да се справи со ова, тој се обесува наопаку со чизми прикачени на шипка и така виси како лилјак.

Оваа невообичаена техника е позната како терапија на инверзија и се вели дека ја подобрува концентрацијата и меморијата, така што се зголемува протокот на крв во мозокот.

Ден Браун за ова има изјавено: „Висењето наопаку ми помага да решам многу проблеми со заплетот во книгите, на тој начин што ми ја поместува целата перспектива.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
„Не ја сфаќам опседнатоста на фановите со Силви во ‘Emily in Paris’“: Која е харизматичната Филипин ... За некого Емили е омилениот лик од серијата Emily in Paris, други го обожаваат Л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg