Анти-мотивациски цитати создадени за сите саркастични хејтери на светот
Секое патување започнува со еден чекор, Не зборувај – само делувај, Ѕвездите не може да светат без темница… Секојдневно сме преплавени со стотици мотивациски цитати и позитивни афирмации кои имаат задача да нè просветлат и поттикнат да создадеме нешто подобро и повеќе.
Но, на некои луѓе очигледно им дошло преку глава, а веруваме дека не се единствените.
Тука настапува хит профилот на Инстаграм кратко наречен Unspirational.
Тој има задача сите позитивни мотивациски цитати да ги претвори во сурови реални изреки скроени по вкусот на сите цинични, иронични, саркастични хејтери.
Се пронаоѓате ли во некои од цитатите?
1. Вежбав еден час и потрошив 60 минути.
2. Најдобрите работи во животот се всушност многу скапи.
3. Уживај во добрите моменти, бидејќи наскоро ќе се случи нешто лошо.
4. Разбуди се. Мрази сè околу тебе. Легни си. Почни од почеток.
5. Ако не веруваш во себеси, никогаш нема да се разочараш.
6. Луѓето кои велат дека ќе дадат 110% од себе веројатно не знаат да пресметуваат проценти.
7. Некои од моите најдобри пријатели се јаглените хидрати.
8. Добро место да се стави инспиративен цитат е во твојот задник.
9. Оди во теретана. Сликни 500 фотки. Постирај различна секој ден. Никогаш повторно не стапнувај во теретаната.
10. Најтешкото нешто кога си сингл е да најдеш добра причина да се избањаш.
11. Не ми зборувај додека не сум се напила кафе, а подоцна продолжи да не зборуваш со мене.
12. Секој ден е нова можност повторно да зафркнеш сè одново.
13. Најдоброто нешто што можеш да го направиш секое утро е да се вратиш на спиење.
14. Јади како да нема никој што ќе те види гол/а.
15. Да се читаат мотивациски цитати за да се чувствуваш подобро е исто како да гледаш во лентата за трчање и да мислиш дека ќе ослабиш.
16. Доколку не ти се допаѓам, жал ми е што имаш лош вкус.
17. За жал, најглупавите луѓе се премногу глупави за да сфатат дека се најглупави на светот.
18. Ако можам да те слушнам како џвакаш додека јадеш, седиш премногу блиску до мене.
19. Доколку сакаш некого пушти го да си оди или запали го.
20. Храната е исто што и луѓето со таа разлика што храната ја сакам.
(О)Милена | Црнобело