Длабоко деколте, оставање бакшиш: 8 чудни забрани во Северна Кореја
Не смеете да им влегувате во интимниот простор на локалците и да им поставувате премногу прашања и да ги фотографирате.
Тука многу се цени традицијата и некои однесувања се сметаат за табу.
Постојат низа забрани во Северна Кореја:
Не смеете да си играте со стапчињата за ориз
За нив тие имаат големо значење и стапчињата поставени во вертикална позиција се поврзуваат со смртта.
Не смеете да ги покажувате тетоважите
Работата на мајсторите за тетоважи тука е нелегална.
Не смеете да носите длабоко деколте
Не смеете да ги покажувате градите, но во ред е да ги покажете нозете со мини здолниште.
Не смеете да оставате бакшиш
Во Северна Кореја се смета дека келнерите земаат добра плата и бакшишот е навреда.
Не смеете да оставате храна во чинијата
Порциите се многу големи и многу зачинети, но навреда е ако оставите храна. Нив сè уште им се свежи сеќавањата од војните и периодот кога имале недостиг од храна.
Не смеете премногу да им се доближувате на локалците
Не смеете да им навлегувате во личниот простор или да ги фотографирате на пример. За тоа може да завршите во полициска станица.
Не смеете да се карате, особено со постарите
Таму многу се ценат години, па така помладите мора да бидат љубезни со постарите. Инаку, однесувањето се гледа како скандалозно.
Не смеете да пушите насекаде
За пушачите има строго означени места и ако запалите цигара на погрешно место ќе платите казна.
Потсетете се на уште забрани во Северна Кореја!
С. С. | Црнобело