Цитати кои ќе ви помогнат подобро да ја разберете депресијата и барем малку да ја ублажите

Луѓето мислат дека депресијата е тага, константно плачење или облекување во црно. Но, грешат. Депресијата е константно чудно чувство на незадоволство. Се будиш наутро, а сè што сакаш е да продолжиш да спиеш. Ако може засекогаш.

citati-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-ja-razberete-depresijata-i-barem-malku-da-ja-ublazite-01.jpg

Оние кои патат од депресија тотално ќе ги разберат следниве цитати, а од помош ќе им бидат и на оние кои се борат со депресијата на нивни блиски и сакани луѓе.

Целта е да подобро да го разберете чувството на депресија и барем малку да го ублажите, сфаќајќи дека не сте единствени.

„Мислиш дека си мртов однатре, сè додека некој не те врати во живот и те прободе во градите без намера да те убие.“

„Дозволено ти е да се чувствуваш хаотично и однатре и однадвор. Не значи дека имаш недостаток. Само значи дека си човек.“

„Не се обидувај да решиш сериозни проблеми доцна во ноќта.“

„Сакав да зборувам за тоа. Да врескам. Сакав да викам. Сакав да се развикам гласно. Но, единствено можев да шепнам: Добро сум.“

„Како да им побегнеш на работите кои се заробени во твојата глава?“

citati-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-ja-razberete-depresijata-i-barem-malku-da-ja-ublazite-03.jpg

„Секое утро се будиш за да се бориш со истите демони кои те оставија исцрпен/а претходната ноќ и тоа се вика храброст.“

„Депресијата е како да си слеп за бои, а некој константно да ти раскажува колку бои има светот.“

„Кога патиш од депресија, ‘Изморен/a сум’ значи трајна состојба на замор која спиењето не може да ја поправи.“

„Сакав да напишам како се чувствувам, но ништо не ми доаѓаше, па хартијата остана празна. Сфатив дека не можев да ги опишам моите емоции подобро од празен лист хартија.“

„Моето расположение не се менува – тоа скока, рипа, се превртува, осцилира и евентуално прави по некоја пируета.“

„Запомнете: Ѕвездите не можат да светат без темнина.“

„Не можеш да ја разбереш депресијата сè додека не можеш да си го поднесеш сопственото присуство во празна соба.“

citati-koi-ke-vi-pomognat-podobro-da-ja-razberete-depresijata-i-barem-malku-da-ja-ublazite-02.jpg

„Сите ние сме чудовишта кои не сакаат да бидат спасени.“

„И ова ќе помине. Можеби како камче во бубрег, но ќе помине.“

„Никој не го заслужува твоето разбирање повеќе од самиот ти.“

„Ако минуваш низ пеколот, само продолжи да одиш.“

„Излези и направи нешто. Твојата соба не е она што те држи како затвореник, туку самиот ти.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg