20 мотивациски цитати за спортот: „Шампион е оној кој станува кога не може“
Ако му кажеш „стоп“ на стравот и покажеш се што можеш на теренот и невозможното ќе стане возможно.
На почетокот од Европското првенство нашите ракометари извојуваа две победи.
Со пожртвуваност, посветеност и огромна љубов тие ги надиграа противниците на теренот.
Токму нивната подготвеност да дадат сè од себе за да стигнат до победа нè инспирираше да ги пронајдеме најмотивациските цитати за спортот:
- „Љубов кон спортот е играње на секој натпревар како да ви е последен.“
- „Зошто обожаваме спорт? Забава, атмосфера, возбуда, адреналин!“
- „Заборави на неуспехот, заборави на грешките, заборави на сè освен на тоа што ќе направиш сега.“
- „Не е важно дали си бутнат долу, туку дали ќе станеш.“
- „Само тој што може да го види невидливото, може да го стори невозможното.“
- „Годините не се пречка. Ограничувањето на твојот ум е.“
- „Трофејот собира прашина, но спомените траат вечно.“
- „Кога имате што да покажете, не постои ништо подобро од предизвик.“
- „Упорноста може да го претвори падот во неверојатно достигнување.“
- „Разликата помеѓу невозможното и возможното лежи во одлучноста на личноста.“
- „Шампионите продолжуваат да играат сè додека не ја сторат вистинската работа.“
- „Роден си да бидеш играч. Судено ти е да бидеш тука. Овој миг е твој.“
- „Никој што некогаш дал сè од себе не зажалил.“
- „Секогаш вложувај максимален напор, дури и кога фактите се против тебе.“
- „Победи ако можеш, изгуби ако мораш, но не се откажувај никогаш.“
- „Ако имаш сè под контрола, не се движиш доволно брзо.“
- „Не е важна големината на човекот, туку големината на неговото срце.“
- „Златните медали не се навистина направени од злато. Тие се направени од пот, одличност и верба.“
- „Никогаш не дозволувај стравот да ти го попречи патот.“
- „Шампион е оној кој станува кога не може.“
С. С. | Црнобело