„Среќата не ја посакуваш, среќата ја создаваш“: 11 цитати за среќата
„Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен“ е еден од најубавите и највистинити цитати за среќата.
Сите како да сме во потрага по неа... Ако во овој миг си го поставите прашањето „Дали сум среќен/среќна“, кој ќе биде вашиот одговор?
Многу мудри луѓе биле инспирирани да проговорат што е тоа среќа и како се доаѓа до неа:
- „Мораш да се навикнеш на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, ако немаш со што да ја споредиш.“ – Пауло Коелјо
- „Најди време за пријателство, тоа е патот до среќата.“ – Мајка Тереза
- „Постојат два вида на среќа: среќа на духот и среќа на телото. Помеѓу тие два вида на среќа поважна е среќата на духот.“ – Буда
- „Твојата моќ е правопропорционална со твојата способност да уживаш.“ – Наоплеон Хил
- „Успех е да го добиеш тоа што го сакаш. Среќа е да го сакаш тоа што ќе го добиеш.“ – Дејл Карнеги
- „Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не настаните.“ – Далај Лама
- „Среќата е како палата од бајките, која ја чуваат змаеви. Мораме да се бориме за да ја освоиме.“ – Александар Дим
- „Колку повеќе луѓето имаат можности за среќа, толку се понесреќни.“ - Пауло Коелјо
- „Сјајот на една топла мисла вреди повеќе од пари. Среќата не ни носи богатство и раскош, туку смиреноста и работата.“ – Томас Џеферсон
- „Здравјето ги надминува сите можни добра, па така здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“ – Артур Шопенхауер
- „Среќата не е случајна, ниту нешто што треба да го посакувате. Среќата е нешто кое сами го создавате.“ – Џим Рон
С. С. | Црнобело