Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако развиеш план Б, најверојатно ќе ти пропадне планот А: 18 интересни психолошки факти

Може да се родите песимистички настроени, но не грижете се - оптимизмот е нешто што се учи.

nedostigot-od-prijateli-moze-da-dovede-do-infarkt-18-interesni-psiholoshki-fakti-01.jpg

Во човековата потсвест се кријат многу тајни, но научниците полека, но сигурно откриваат сè повеќе работи.

Психологијата е навистина интересно поле, а овие факти се вистински доказ за тоа:

- Луѓето со високо ниво на тестостерон доживуваат задоволство од гневот на другите.

- Истражувањата потврдија дека некои луѓе се родени со способност за математика, а некои не.

- Пеењето ја намалува анксиозноста и помага во борбата со депресијата.

nedostigot-od-prijateli-moze-da-dovede-do-infarkt-18-interesni-psiholoshki-fakti-02.png

- Дигестивниот систем и мозокот се поврзани преку нервниот систем, па затоа некои емоции, а особено стресот, влијаат на дигестивниот систем.

- Способни сме да избираме од ограничен број на опции, иако константно бараме голем избор. Токму затоа огромните каталози во супермаркетите ни прават хаос во главата.

- Кога се обидувате да се сетите на некој настан од минатото, вие всушност се сеќавате на последниот спомен за тој настан, а не на самиот настан.

- Недостигот од пријатели може да биде опасен како и пушењето. Научниците пронајдоа поврзаност помеѓу осаменоста и еден протеин кој може да предизвика срцев и мозочен удар.

nedostigot-od-prijateli-moze-da-dovede-do-infarkt-18-interesni-psiholoshki-fakti-03.jpg

- Некои луѓе се генетски предодредени за песимизам. Тие ги перципираат негативните елементи многу посилно од другите.

- Но, оптимизмот може да биде научен во текот на животот, дури и да не сте родени со такво гледање на животот.

- Храната што не сме ја приготвиле ние ни изгледа повкусно. За време на готвењето ние сме задоволени од нејзиниот мирис и од повременото пробување на вкусот, па сме половично најадени.

- Научниците постојано ја истражуваат поврзаноста на сарказмот и интелигенцијата, па неодамна беше откриено дека сарказмот развива креативни способности.

nedostigot-od-prijateli-moze-da-dovede-do-infarkt-18-interesni-psiholoshki-fakti-04.jpg

- Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат навика да ги пренагласуваат нивните позитивни карактеристики. Типичен пример се возачите за нивната способност за управување со возилото.

- Кога ќе развиеме резервен план „Б“, во поголемиот број од случаите ни пропаѓа планот „А“.

- Холандските истражувачи тестираа 5.000 луѓе и открија дека жената плаче 30-64 пати во текот на годината, а мажот 6-17 пати.

- За поголемиот број жени, привлечноста на мажот е 70% во неговата сила.

nedostigot-od-prijateli-moze-da-dovede-do-infarkt-18-interesni-psiholoshki-fakti-05.jpg

- Слушањето на омилената песна во мозокот создава слична реакција како користењето дрога.

- Ако им кажете на другите за вашите планови, најверојатно нема да ги реализирате затоа што така мотивацијата едноставно исчезнува.

- Го менуваме гласот кога зборуваме за личноста што ја сакаме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Денес има повеќе робови од кога било: Статистички факти што ќе ви го променат погледот за светот Се проценува дека денес околу 50 милиони луѓе се робови, од кои дури четвртина с...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg