Се обидел да се самоубие неколкупати, го поврзувале со мафијата - Животната приказна на Френк Синатра

Френк имал обемно досие во ФБИ

Френк бил испрашуван од ФБИ поради фактот дека платил 40.000 долари на доктори за да му дадат потврда дека не може да служи за време на Втората светска војна.

Тој тврдел дека има повреда на ушното тапанче и психолошки проблеми заради кои не можел да служи во војска.

Освен тоа, се верува дека тој бил поврзан со мафијата од Чикаго, па дури и го запознал Џон Кенеди со кумот на мафијата Сем Џианкана.

se-obidel-da-se-samoubie-go-povrzuvale-so-mafijata-fakti-za-frenk-sinatra-13.jpg

Пробал да се самоубие неколку пати

Во почетокот на 50-тите, популарноста на Френк се намалила. Тој паднал во таква депресија што дури пробал да се самоубие.

Кога се шетал низ улиците на Њуjорк видел редици на девојки како чекаат да ја видаат новата сензација Еди Фишер.

se-obidel-da-se-samoubie-go-povrzuvale-so-mafijata-fakti-za-frenk-sinatra-10.jpg

Пејачот се чувствувал како неговите 5 минути да се поминати па така кога се вратил во станот пробал да се самоубие, така што ја ставил главата во рерна и го пуштил плинот.

За среќа неговиот менаџер се појавил на време да го спречи, а го нашол пејачот како плаче на подот.

Синатра имал уште неколку обиди за самоубиство од кои повеќето биле за време на големи кавги со актерката Ава Гарднер со која имал романтична врска.

Во една прилика пукал со пиштол и сакал да се убие и себе, но и неа. За среќа никој не настрадал во инцидентот.

pomalku poznati fakti za frenk sinatra 3

Последниот настап му бил во 1995-та година

На 25-ти февруари, 1995-та година, Синатра ја испеал шест песни пред 1.200 луѓе во чест на турнирот по голф кој бил именуван по него. Ова воедно бил неговиот последен настап во живо.

se-obidel-da-se-samoubie-go-povrzuvale-so-mafijata-fakti-za-frenk-sinatra-20.jpg

Френк починал во 1998-ма година, а зборовите „The Best is Yet to Come“, се изгравирани на неговата надгробна плоча. 

Пејачот починал на возраст од 82 години, откако претходно имал срцев удар. Се смета дека во последните години од животот страдал од проблеми со срцето, отежнато дишење, пневмонија и деменција. Наводно последните зборови што ги кажал на неговата сопруга биле: „сепак губам“.

se-obidel-da-se-samoubie-go-povrzuvale-so-mafijata-fakti-za-frenk-sinatra-22.jpg

А. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Почесто бирај да те боли увото, отколку главата“ и уште 14 мудри поуки „Не е важно колку си убава, туку кому си му убава“. „Додека ти го гледаш туѓиот ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg