Се обидел да се самоубие неколкупати, го поврзувале со мафијата - Животната приказна на Френк Синатра
Никој не верувал дека ќе остане жив по раѓањето, избегнал да оди во војска заради психолошки проблеми, а бил уапсен затоа што заведувал девојки - факти за вонвременскиот Френк Синатра што веројатно не сте ги знаеле.
Многумина знаат дека Френк Синатра бил многу талентиран пејач и актер, познат срцекршач и имал имиџ на лошо момче по кого девојките лудувале.
Сигурно барем еднаш во животот сте слушнале некоја од неговите најпопуларни песни и јасно ви е зошто тој е еден од најпознатите музичари на сите времиња.
Во продолжение неколку факти кои веројатно не сте ги слушнале за познатата холивудска легенда:
Неговото раѓање било доста трауматично
Роден на 12-ти декември, 1915-та година во Хобокен, Њу Џерси, Франсис Алберт Синатра се родил модар и не можел да дише откако бил извлечен од неговата мајка.
Она што било исто така интересно за него е дека се родил како многу големо бебе. Френк Синатра тежел 6kg.
Докторите мислеле дека е мртов па го оставиле новороденчето на работната маса во кујната и отишле да се погрижат за мајка му.
Неговата баба тогаш го зела во раце го измила со ладна вода и малиот Франк Синатра ги испуштил своите први звуци.
Го нарекувале „лице со лузни“
Tрауматичното раѓање оставило свој белег врз новороденчето.
Тој имал лузни на лицето кои започнувале од неговите усни преку брадата до увото.
За време на неговите тинејџерски денови тој исто така имал проблеми со акни кои уште толку му ја уништиле самодовербата.
Кога пораснал често ги криел лузните со шминка и мразел да биде фотографиран од левата страна каде што биле најизразени.
Бил уапсен за „заведување“
Во 1938-ма година познатиот пејач бил уапсен за заведување. Во тоа време ова било сериозно кривично дело и мажите што заведувале немажени жени и им го нарушувале угледот завршувале во затвор.
Сепак, кога се дознало дека „невината“ девојка е омажена жена, полициските службеници го промениле обвинението и бил обвинет дека извршил „прељуба“, а по некое време го избришале и тоа од неговото досие.
Тој бил еден од првите „тин-идоли“ во Америка
Во 1940-тите, Франк станал препознатлив како еден од првите американски тин-идоли.
Некои од овие фанови сепак биле платени да врескаат
Не дека Синатра сам по себе не бил извонреден и достоен за врескањето, сепак неговиот публицист, одлучил секогаш да има возбудени обожавателки, па на некои девојки им плаќал да врескаат најсилно што можат кога ќе го видат пејачот.
Тој дури им држел аудиции на фановите да види кој најсилно може да вреска. Им плаќал по 5 долари од вечер, а нивната задача била да ја подигнат возбудата кај публиката.