9 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања
Звуците на китовите звучат како џез музика, а некои растенијата и риби имаат чувства?
Колку и понекогаш кога ги гледаме вестите од светот и Македонија да ни изгледа дека се е обоено во најтемните нијанси на сиво, па и црно, светот знае да нè изненади.
Научниците се неуморни во истражувањата што ги спроведуваат за да го запознаеме комплетно.
Дел од нивните откритија се музика за нашите уши, а дел нè оставаат запрепастени:
Звуците на китовите звучат како џез музика
Истражувачите на Универзитетот во Калифорнија развија специјален метод на анализа и споредба на различни звуци и со негова помош открија дека јазикот на китовите е сличен на џез музиката.
Од друга страна, открија дека звуците од грмотевицата се слични со класичната музика.
Најпривлечен дел од женското тело е вдлабнатината на ‘рбетот
Европски истражувачи на група мажи им покажаа 3Д модели од женско тело и ја набљудуваа реакцијата на нивните очи.
Тие открија дека за мажите најатрактивна точка од женското тело е вдлабнатината на грбот.
Коските може да бидат направени од полиетилен
Руски научници креираа материјал од кој може да се направат безбедни и издржливи коски за протези.
Тешко е да се поверува дека полиетиленот, кој најмногу се поврзува со ќесињата за пазарење во супермаркетите, може да послужи како материјал за правење на протези.
Птиците работат како „дадилки“ за да добијат наследство
Некои птици им помагаат на другите птици и се грижат околу нивните малечки, наместо да имаат свое семејство.
Го прават тоа затоа што сакаат да добијат наследство, односно кога малите ќе пораснат и тргнат во потрага по нов дом тие ги добиваат правата на напуштената територија каде оделе како „дадилки“.
Рибите може да имаат емоции
Докажано е дека рибите може да реагираат емоционално на некои фактори од околината.
За време на истражувањето рибите биле подложени на некои стрес фактори и било мерено нивото на хормони кај нив.
Костим отпорен на експлозии
Руските научници направија костим достоен за супер херој. Со него може да одите низ минско поле без страв.
Неверојатно, но тестирањето било направено со мало девојче, баш како на холивудски филм.
Плунката на човекот може да лечи рани
Научници од Чиле докажаа дека одредени супстанции во човековата плунка помагаат раните да заздрават побрзо.
Ова најверојатно ќе започне да се користи во медицината наскоро.
Научниците ја открија тајната на венчаната младост
Научници од Њујорк дојдоа до револуционерно откритие. Во процесот на стареење, лабораториските глувци развиле нова формација во хипоталамусот. Ако се отстрани оваа формација, процесот на стареење се забавува.
Имајќи го предвид овој факт, научниците заклучиле дека отстранувањето на овој дел во мозокот е тајната на вечната младост.
Растенијата имаат чувства
Европски научници тврдат дека дрвјата може да чувствуваат и да се плашат од животинската плунка. Тие почнуваат да се спротивставуваат и произведуваат танини за да го избркаат посетителот.
Производството на хормони за раст се активира подоцна, со цел да се компензира штетата.
С. С. | Црнобело