Многу си похрабар отколку што мислиш: 18 важни лекции на кои ќе ве научи патувањето

Од суденото не се бега и нема поголема вистина од тоа дека насмевката има неверојатна моќ.

mnogu-si-pohrabar-od-shto-mislish-18-vazni-lekcii-koi-kje-ve-nauchi-patuvanjeto-01.jpeg

Ако имате работено во странство или пак сте биле на некој подолг престој, тогаш сигурно знаете колку многу работи може да ве научи патувањето.

Пред сè тоа ќе ве научи да верувате во себе и да имате храброст да се обложите на себе, но ќе ве научи и низа други лекции

Патувањето ќе те научи...

- Колку е голема моќта на насмевката.

- Дека најдобриот начин да ја напишеш својата приказна е да ги прашаш другите за нивните.

- Како да станеш по пад и да продолжиш понатаму.

- Дека со помош на нашите сличности можеме да ги надминеме нашите разлики.

- Дека не можеш сам и дозволено е да бидеш ранлив и да побараш помош.

- Дека го привлекуваш тоа што го манифестираш.

- Да не судиш и да им дозволиш на луѓето да ти се претстават во вистинското светло.

- Која е вредноста на семејството и домот.

- Колку многу не се знаеш себеси и светот што те опкружува.

- Дека на крајот секогаш завршуваш таму каде што ти било судено на почетокот.

- Дека не ти е потребно многу за добро да се забавуваш.

- Кога да се откажеш и кога да продолжиш понатаму.

- Која е вредноста на тоа да имаш барем еден вистински пријател.

- Дека си многу похрабар отколку што мислиш.

- Како да му кажеш „да“ на непознатото.

- Дека светот е место во кое има многу повеќе добри луѓе отколку лоши.

- Која е важноста на кажувањето „те молам“ и „благодарам“.

- Те учи дека тоа што си - е доволно, но и те инспирира да станеш уште повеќе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg