„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодовербата веднаш
„Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол либанскиот поет Калил Џибран.
Либанскиот поет, филозоф и уметник Калил Џибран напишал над 30 книги, а негово најпознато дело е „Пророкот“, кое е преведено и на македонски јазик.
Неговите текстови фасцинираат со повеќеслојноста, но и со мудроста со која изобилуваат.
Во продолжение издвојуваме 10 негови цитати, во кои веруваме дека секој може да се пронајде и кои веднаш ќе ви ја вратат самодовербата, па дури и ако во моментот не се чувствувате најдобро.
Проследете ги:
1. Најсилните души се раѓаат од страдањето. Најсилните личности се прекриени со лузни;
2. Од тие што многу зборуваат научив да молчам, од тие што се нетолерантни научив да толерирам, и од нељубезните научив да бидам љубезен. Сепак, не сум им благодарен на овие учители;
3. Чувствителноста и љубезноста не се знаци на слабост и очај, туку манифестација на сила и одлучност;
4. Пријателството секогаш е слатка одговорност, а не можност (за напредување);
5. Ако срцето ти е како вулкан, како можеш да очекуваш во него да цветаат цвеќиња?;
6. Мудроста престанува да биде мудрост во оној миг кога е премногу горда за да заплаче, премногу сериозна за да се насмее, и премногу себична за да им верува на другите освен на себеси;
7. Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда;
8. Копнежот за удобност кришум влегува во куќата како гостин, потоа станува домаќин, а на крајот господар;
9. Сами си ја избираме радоста и тагата, долго време пред да ја искусиме;
10. Ако му ги кажете тајните на ветрот, не треба да го обвинувате затоа што им ги раскажал на дрвјата.
Б. С. Б. | Црнобело