Инспирација од ѕвездите: Моќни цитати кои ќе ви го подобрат расположението

Се чувствувате како да сте заглавени во сопствената рутина и не може да излезете од кругот? Не грижете се, на сите ни се има случено тоа.

inspiracija-od-dzvezdite-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

За сѐ постои решени, па така и за вашето расположение и негативни мисли.

Прочитајте ги овие инспирациски цитати од славните личности кои позитивно ќе влијаат врз вас:

1. „Не познавам жена на светот која не е храбра.“ – Рис Витерспун

2. „Не мора да бидам совршена. Сѐ што треба да направам е да се појавам и да уживам во неуредното, несовршено и прекрасно патување на мојот живот.“ – Кери Вашингтон

3. „За да бидете незаменливи, мора да бидете различни.“ – Коко Шанел

4. „Ме привлекуваат филмови кои имаат силни женски ликови, бидејќи постојат силни женски улоги во мојот живот.“ – Рајан Гослинг

5. „Вистинските мажи се однесуваат кон жените со достоинство и им ја даваат почитта која ја заслужуваат.“ – Принц Хари

6. „Ако сакате нешто да биде кажано, прашајте маж, ако сакате нешто да биде направено, побарајте го од жена.“ Маргарет Тачер

7. „Јас сум силна. Јас сум амбициозна и знам точно што сакам. Ако тоа ме прави ку*ка, во ред.“ – Мадона

8. „Жената никогаш не е посекси од тогаш кога се чувствува удобно во сопствената облека.“ – Вера Ванг

9. „Дајте ѝ на жена вистински чевли и таа ќе го освои светот.“ – Мерилин Монро

10. „Секогаш велам – Јадете здраво за телото да ви биде здраво, јадете хамбургер за умот да ви биде мирен.“ – Џиџи Хадид

11. „Можете да го потрошите животот цртајќи линии. Или можете да го живеете поминувајќи преку нив.“ – Шонда Рајмс

12. „Шампионите не се дефинираат по бројот на нивните победи, туку по тоа колку пати станале по неуспехот.“ – Серена Вилијамс

13. „Стравот е глупав, а и каењето исто така.“ – Мерилин Монро

14. „Најдобриот начин да не се чувствувате безнадежно е да станете и да направите нешто.“ – Барак Обама

15. „Сакам младите луѓе да знаат дека се значајни и дека се прифатени. Затоа немојте да се плашите. Ме слушате ли млади луѓе? Фокусирајте се. Бидете одлучни. Надежни. Бидете моќни.“ – Мишел Обама

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg