Цитати кои ќе ве убедат дека понекогаш е добро да се кршат правилата
Од мали нé учеле да ги следиме правилата: да ги слушаме советите на учителките, да бидеме послушни дома, да не се караме без причина со другите. Но, слепото следење на правила без да се запрашаме зошто правиме нешто може да ни донесе повеќе лошо, отколку добро.
Понекогаш треба да заборавиме сé што сме научиле дека е правилно и да скршнеме од патот. Можеби нé чекаат нови и возбудливи работи за кои не сме биле свесни.
Овие цитати ќе ве убедат дека понекогаш е добро да скршиме некое правило:
„Научи ги правилата како професионалец, за да ги кршиш како уметник“. – Пабло Пикасо
„Никогаш не смееш да мислиш дека твојот животот е во рацете на некој друг. Твојот живот е само во твои раце“. – Чимаманда Адиче
„Да бидеш свој во свет кој постојано ти бара да се смениш е најголемото достигнување“. – Ралф Волдо Емерсон
„Оствари си ги соништата сам, за да не работиш за соништата на некој друг“. – Фара Греј
„Ако ги следиш сите правила, ја пропушташ целата забава“. – Кетрин Хепберн
„Еднаш бунтовник – секогаш бунтовник. Тоа е тоа. И подобро е така. Нека знаат дека не вреди да се обидуваат да те турнат надолу“. – Алан Силитоу
„Сонувај како да ќе живееш вечно, живеј како да ќе умреш утре“. – Џејмс Дин
„Ќе те памeтат по тоа колку правила си прекршил“. – Даглас Мекартур
„Ако ги следиш правилата, листата ти е комплетна. Ако го следиш срцето, ти си комплетен“. – Реј А. Дејвис
„Ако не го гледаш светлото на крајот од тунелот, направи си сам пат, каде и да си“. – Ашок Каларакал
„Додека седиш и мислиш како сé си направил правилно и пак нема резултати, некој друг си прекршил сите правила и ужива во сиот успех што доаѓа со тоа“. – Ден Пирс
М. В. | Црнобело