10 цитати инспирирани од магичната врска меѓу татковците и ќерките

Постои ли нешто поубаво на светот од татко кој за рака ја води својата малечка ќеркичка и преку зборови и открива милион нови светови?

10-citati-inspirirani-od-magichnata-vrska-megju-tatkovcite-i-kjerkite-01

Татковците и ќерките секогаш имаат посебна врска. Тие се хероите на своите мали принцези.

Но, и кога годините ќе налегнат, оваа врска останува нераскинлива.

Прочитајте некои од најубавите цитати инспирирани од односот на татковците и ќерките:

„Прекрасно е кога татко ќе го одведе својот син на риболов, но има посебно место во рајот за татковците кои ги водат своите ќерки на шопинг.“

„Зад секоја одлична ќерка стои навистина прекрасен татко.“

„Драг тато, без разлика каде ќе отидам во животот, ти секогаш ќе бидеш мојот маж број еден.“

„Има една мала девојка што ми го украде срцето и ме нарекува тато.“

„Татковци, бидете првата љубов на вашата ќерка и таа нема да се задоволи со ништо помалку од тоа.“

„Пиштолите не убиваат луѓе... Татковците на убави ќерки убиваат.“

„Ќерката може ќе го надрасне скутот на својот татко, но никогаш нема да го надрасне неговото срце.“

„Некои луѓе не веруваат во херои, но тие не го сретнале мојот татко.“

„Мојот татко ми го даде најубавиот подарок што некој може да му го даде некому - тој веруваше во мене.“

„Вистинскиот маж ја третира дамата на ист начин како што би сакал друг маж да ја третира неговата ќерка.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg