Цветот започнува од неговиот корен: Јапонски будистички мудрости

Будизмот нé учи дека секој човек може да доживее просветлување. Познатиот лингвист и писател Патрик Лафкадио Херн, бил еден од тие луѓе кој верувал во ова тврдење.

cvetot-zapocnuva-od-negoviot-koren-japonski-budisticki-mudrosti-01.jpg

Во доцниот 19-ти век тој пропатувал низ Јапонија и ги собирал сите народни мудрости и афоризми од будистичката традиција кои биле популарни меѓу луѓето.

Овие афоризми нудат поглед во тоа каква е будистичката филозофија во Јапонија.

На што нè учи будизмот?

1. Рајот и пеколот се во срцата на луѓето.

2. Дури и обичниот човек може да стане Буда.

3. Сите страсти носат тага.

4. Ако некој сака да ја запознае будистичката доктрина, мора да излезе надвор и да го слушне звукот на дождот или на сламата.

5. Научете да простите – тука лежи клучот на среќата.

6. Причината и последицата се како тркало.

7. Средбата е само почеток на разделбата.

8. Сите нешта се само соништа.

9. Свештеникот кој проповеда лажна доктрина ќе се прероди како габа.

10. Цветот започнува од неговиот корен.

11. Дури и кога ќе се изгаси пламенот, фитилот останува.

12. Дури и црвот кој е голем само 5 сантиметри има душа долга 5 сантиметри.

13. Дури и во пеколот старите познаници се добредојдени.

14. Добрите дела не излегуваат подалеку од портата, лошите дела се слушаат надалеку.

15. Телото е мачено само од демонот на срцето.

16. Бидете учител на сопственото срце, не дозволувајте срцето да биде ваш учител.

17. Устата е порта на сите несреќи.

18. Ништо нема да порасне, ако семето не се засади.

19. Не постои крал на патот на смртта.

20. Ветрот на промените не одбира време.

21. Дури и ѓаволот, кога ќе се научите на него, може да стане пријатен познаник.

22. Со едно влакно од косата на жената можете да поместите голем слон.

23. Не постои чудо во вистинската доктрина.

24. Доблеста е замена за доблест, злото е замена за злото.

25. Само за помислата од смртта, секој има причина да живее.

26. Дури и во мачката постои природата на Буда.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg