Факти за мозокот кои докажуваат дека сме способни за сè
Нашиот мозок навистина е неверојатен. Може да ни помогне да се искачиме на највисоките планини, да сонуваме, да постигнуваме тешки цели.
Но, како функционира?
Мозокот реагира на мислата, не прави разлика дали била факт или фантазија. Затоа има луѓе кои носат „розови учила“, се посреќни, а телото подобри им ги прима плацебо третманите.
Заморот настанува заради емоциите. Движењето на крвта во мозокот не се менува во зависност од тоа дали активно сте работеле и чувствувате замор.
Повеќе од половина од мислите кои прелетуваат се автоматски. Токму затоа, песимистите тешко можат да го променат својот поглед за светот. Буквално треба да го „исчистите“ мозокот од тие мисли за да реагирате попозитивно.
Сите мисли се претвораат во животно искуство. На пример, ако сонувате дека сте патувале до Париз за мозокот тоа е реалност. Ако сакате да се промените, морате да ги промените вашите мисли.
Мозокот не е поразличен од мускулите, а за до го тренирате треба здраво да се исхранувате, да излегувате на свеж воздух, да ги менувате секојдневните активности, да читате...
Дури и кога спиеме, мозокот работи напорно. Инаку, активноста на мозокот е уште повисока од онаа во текот на денот.
За да можете да се ослободите од илјадниците негативни мисли, морате за момент да го „исклучите“ мозокот и да не заборавите да се одморите. Одморот е од витално значење за нормалното функционирање на мозокот.
Како правите нови сеќавања, мозокот се ослободува од старите и ги забораваме. Но, тоа не значи дека некои сеќавања самите одлучуваме да ги заборавиме, посебно ако ни се непријатни.
Мозокот реагира на болка, но не ја чувствува, бидејќи нема рецептори за истата. Но, тоа не важи и за илјадниците крвни садови и нервни ткива кои се околу мозокот.
Секоја активност го тера мозокот да прави нови поврзувања меѓу невроните. Ако мислиме дека можеме нешто да постигнеме, идејата може да премине и во реалноста.
Н. Г. | Црнобело