„Домот без книги е како соба без прозорци“ - 10 цитати за домот
Домот е онаму каде што е креветот и омилената перница. Домот е онаму каде што мириса на пиперки со лукче, свежо печено лепче или тазе сварено кафе.
Домот е онаму каде што ги знаете сите ќошиња и сите врати, па можете слободно да се движите дури и во потполна темница без страв дека ќе се удрите во нешто.
Сепак, домот не секогаш е географска локација, материјализиран простор или нешто опипливо. Тој понекогаш е чувство.
Прочитајте ги овие 10 цитати кои го дефинираат постоењето на домот:
1. „Некој ми рече да го опишам домот и јас започнав да зборувам за бојата на твојата коса, звукот на твојот глас, вкусот на твоите усни и каква е твојата кожа на допир, додека не сфатив дека тие очекуваа да слушнат место“.
2. „Добрата храна и топлата кујна се она што ја прават куќата дом“.
3. „Најмагичното нешто во врска со домот е што се чувствувате добро додека го напуштате и уште подобро кога се враќате назад“.
4. „Домот без книги е како соба без прозорци“.
5. „Куќата се прави од греди и цигли. Домот се прави со надеж и соништа“.
6. „Премногу чистиот дом е знак на потрошен живот“.
7. „Секој дом може да биде замок, кога кралот и кралицата се вљубени“.
8. „Не би требало да се вика во домот, освен во случај на пожар“.
9. „Домот е онаку каде што е срцето“.
10. „Дом се кои било 4 ѕида во кои седи вистинската личност“.
(О)Милена | Црнобело