Ема Вотсон: Младите жени се борци, не чувствителни принцези
Ема Вотсон е млада актерка која поседува неверојатно посебен карактер заради кој на своите 26 години таа стана инспирација за многу млади девојки.
Позната е по своите улоги во „Harry Potter“ и филмовите како „The Bling Ring“ и „The Perks of Being a Wallflower“ во кои секогаш глуми паметна девојка со лидерски вештини.
Еве што порачува актерката на секоја жена:
1. Твоето тело е убаво - прифати го онакво какво што е
И самата признава дека нема совршени заби, ниту пак, дека е посебно слаба, ама пред сè сака да се чувствува добро во своето тело без желба да го промени.
2. Кариерата не бира пол - биди тоа што сакаш да бидеш
Кога една млада девојка ја прашала за совет на Твитер, околу тоа дали да стане инженер, бидејќи татко ѝ велел дека тоа е машка работа, актерката ѝ напишала: „Стани инженер“.
3. Сè се сведува на согласност
Однесувањето на мажот е сосема во ред, ако жената нема никаков проблем со тоа.
4. Другите треба да ги дефинираме баш онакви какви што се
„Време е половите да ги гледаме како спектар, а не како сет на спротивни идеали. Треба да престанеме да се дефинираме според она што не сме и да започнеме да се дефинираме онакви какви што сме“ - изјавила актерката.
5. Лутината претворете ја во акција
Кога беа објавени нејзини голи фотографии, актерката била бесна, но тоа не ја спречило да се откаже од својата кариера и да продолжи понатаму во остварување на својот сон.
6. Зборувајте сега. Сега, а не после
Можеби сте нервозни, се срамите или сакате да кажете нешто, ама завршува како кнедла во вашето грло, но морате да соберете храброст и да го кажете она што го имате на ум. Утре е предоцна.
7. Верувајте во себе
За време на едно интервју изјавила: „Сè што можам да следам се моите инстинкти, бидејќи никогаш нема да бидам доволна за да ги задоволам туѓите потреби“.
8. Погрешете, а после, научете нешто од тоа
Никој не е безгрешен, тоа ни е добро познато на сите, но важно е да не се обесхрабруваме и да продолжиме понатаму сè додека не успееме.
9. Знајте колку вредите
„Мислам дека е сосема во ред да бидам платена онолку колку што се платени и моите машки колеги“ - вели актерката.
10. Вие и никој друг - ја контролирате сопствената судбина
„Не сакам некој друг да одлучи која сум јас. Сакам да одлучам сама за себе“.
11. Прифатете ги вашите стравови, само така ќе ги победите
Нема ништо погрешно во тоа да се плашите, но можете да го надминете стравот.
12. Убавината е во тоа да дозволите да живеете
Кога Ема ја прашале дали се смета за убава, таа рекла: „Убавината е она што го чувствуваме однатре, а не она што се гледа однадвор“.
13. Младите жени се борци, не чувствителни принцези
Секоја жена е моќна и има сила да надмине сè што ќе посака...
Н. Г. | Црнобело