Цитати за мотивација кои ќе ви помогнат на патот до успехот

Успехот е сонот кој секој човек го сонува, без оглед дали се работи за семејство, работа, финансии или нешто друго.

citati-za-motivacija-koi-kje-vi-pomognat-na-patot-do-uspehot-001.jpg

Во човечката ДНК е врежано дека човекот постојано треба да тежнее кон напредок, да се натпреварува со другите, да биде секој ден подобар од тоа што бил вчера.

Иако понекогаш нештата изгледаат премногу тешки и сложени и мислите дека наједноставно ќе биде да кренете раце и да се откажете, помислете само зошто сте почнале. Оваа мисла нека ви биде водилка за сè она кое сакате да го исполните во животот.

И, да, сонувајте големи соништа бидејќи само така ќе успеете.

Следниве цитати нека бидат вашата инспирација како да живеете денес, утре и секој следен ден:

1. „Дружи се со луѓе кои се попаметни од тебе. Брзо ќе забележиш разлика.“

2. „Парите ги импресионираат само мрзливите девојки. Кога една жена работи напорно, мажот со пари е само бонус, не скала за искачување нагоре.“

3. „Погрешната девојка ќе ве одвлекува од успехот, вистинската ќе ве мотивира да дојдете до него.“

4. „Донесете одлука дека ќе се збогатите и никогаш нема да погледнете назад.“

5. „Ми кажаа дека нема да стигнам далеку. Беа во право. Стигнав многу подалеку.“

6. „Ако сакаш да бидеш успешен мора да бидеш подготвен да чекориш сам.“

7. „Силата на мислите е неверојатна. Она што мислиш тоа и стануваш.“

8. „Ќе се случи бидејќи ќе направам да се случи.“

9. „Сè што сакаш е веќе во тебе. Треба само да му дозволиш да излезе.“

10. „Ако наутро се будиш без цел, подобро врати се назад на спиење.“

11. „Еден ден сиот труд кој сте го вложиле ќе ви се исплати.“

12. „Можеш. Крај на приказната.“

13. „Не е целта во имањето пари, целта е да го живееш животот онака како што сакаш.“

14. „Ако знае целосно да ве излуди, тогаш најверојатно таа е вистинската.“

15. „Не ти е даден животот само за да бидеш статистичка бројка.“

16. „За една година ќе се каеш што не си започнал денес.“

17. „Не можеш секогаш да бидеш добар, бидејќи тоа е она кое луѓето го искористуваат.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg