Според Ричард Гир: 3 зборови кои ќе ви го променат животот

Славниот актер ја открива тајната како од секоја ситуација да излезете како победник и да не дозволите негативните емоции да ве совладаат.

Tri-zborovi-se-dovolni-da-go-promenat-zivotot-na-podobro-mokjen-sovet-od-Ricard-Gir-001.jpg

Тој објаснува дека постои една моќна вежба, која е многу едноставна и која почнал да ја користи пред многу години.

„Секогаш кога ќе сретнам некого на патот, човек или инсект, првата мисла која му ја упатувам е – Ти посакувам среќа!“

Оваа идеја во целост го менува она што се случува помеѓу вас и другата личност.

„Понекогаш навистина е тешко да го направите тоа, особено ако сретнете некој непријател или кога пред вас ќе се појави некоја неочекувана и тешка ситуација“ – додава тој.

„Но, сепак ова е една многу корисна мисла која ве учи дека во ниту еден момент не треба да дозволите да ве совладаат негативните емоции.

Во моментот кога ќе видите како во вас се создаваат негативни емоции, пред тие да ја преземат контролата над вас, имате време да ги свртите работите во сосема друга насока.

Оваа едноставна реченица ви ги отвора очите и имате можност да ги видите работите онакви какви што сè, а не преку призмата на лутината, гневот, омразата...“

Затоа утре штом ја сретнете првата личност кажете ѝ „Ти посакувам среќа!“ и бидете сигурни дека среќата ќе ви биде возвратена со среќа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg