20 цитати на Халед Хосеини, совршен познавач на човековата душа

Авганистанскиот автор Халед Хосеини ги освои нашите срца со „Ловец на змејови“, „Илјада неверојатни сонца“ и „И планините одекнаа“.

20-citati-na-haled-hoseini-sovrshen-poznavach-na-chovekovata-dusha-001.jpg

Роден во главниот град Кабул во 1965_та година, Хосеини го поминува детството на релација – Авганистан-Иран-Франција-Калифорнија.

Неговите дипломи по биологија и медицина не го спречиле да ја занемари својата прва љубов – книжевноста и пишувањето.

Неговото потекло и животните искуства се суптилна инспирација за општествената, но и политичката состојба која ја разработува во своите романи, улогата и подреденоста на жената, страдањата и неправдите.

Едноставно е невозможно да прочитате негова книга, без да пролеете некоја солза.

Хосеини е хуманист и одличен познавач на човековата душа, а најдобар доказ за тоа се овие 20 цитати:

1. „Децата не се боенки. Нив не можеш да ги пополниш со омилените боички.“

2. „Како компасот чија игла покажува север, обвинувачкиот прст на мажот секогаш наоѓа жена. Секогаш.“

3. „Подобро нека ме повреди вистината, отколку да бидам утешен со лага.“

4. „Можеби не е фер, но тоа што може да се случи за неколку дена, а понекогаш и само за еден ден, може да го смени правецот на целиот живот.“

5. „Претчувствувам, вистината е дека ние чекаме, секој од нас, и покрај сите несовладливи пречки, да ни се случи нешто извонредно.“

6. „Тоа е проблемот со луѓето коишто го мислат сето она што го зборуваат. Тие мислат дека и сите останати се такви.“

7. „Постои само еден грев, а тоа е кражбата. Кога кажуваш лага, му го крадеш некому правото на вистината.“

8. „Бракот може да почека, образованието не може.“

9. „Секогаш боли повеќе да имаш нешто и да го изгубиш, отколку воопшто да го немаш.“

10. „Општеството нема шанса за успех, доколку неговите жени се необразовани.“

11. „Има многу деца во Авганистан, но малку детство.“

12. „Не разменуваме ниту еден збор, не затоа што немаме што да си кажеме, туку затоа што не мораме да кажеме ништо.“

13. „Луѓето велат дека очите се прозорци на душата.“

14. „Машкото срце е страшно, ужасно нешто. Не е како мајчината утроба. Тоа не крвари. Нема да се растегне за да направи место за тебе.“

15. „Времето може да биде алчно, понекогаш ги краде деталите за себе.“

16. „Човекот кој нема совест и добрина во себе, не страда.“

17. „Убавината е огромен, незаслужен подарок кој се дава по случаен избор, глупаво.“

18. „Излезе дека, како и Сатаната, и ракот има многу имиња.“

19. „Сите добри работи во животот се кршливи и лесно може да се изгубат.“

20. „На крајот, светот секогаш победува. Едноставно таков е редот на нештата.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg