Никогаш не му верувај на слабиот готвач - 15 цитати за храната и готвењето

Велат дека патот до срцето води низ стомакот и ретко кој не сака да биде опкружен со убава и вкусна храна.

Nikogas-ne-mu-veruvaj-na-slabiot-gotvac-01.jpg

Готвењето, традиција и умешност која полека паѓа во заборав, сепак останува избор за сите оние кои на масата сакаат да сервираат топло јадење, зготвено со сопствените раце и многу љубов, за сметка на сета готова готова храна која може да се купи денес.

Некои велат дека готовата храна е повкусна, други сметаат дека таа има вкус на пластика, а трети пак не се откажуваат од домашно готвено.

Nikogas-ne-mu-veruvaj-na-slabiot-gotvac-03.jpg

Овие 15 цитати ќе ве потсетат зошто сакате да готвите и да јадете, и надежно ќе ги инспирираат сите оние кои бегаат од кујната како ѓавол од лук:

1. Рецептот нема душа. Ти како готвач мора да му дадеш душа на рецептот.

2. Јадењето е потреба. Готвењето е уметност.

3. Кујната е срцето на домот.

4. Гладот е најдобриот готвач.

5. Да се готви добро, не значи да се готви гламурозно.

6. Никој не се родил одличен готвач, туку се научил да стане таков.

7. Луѓето кои обожаваат да јадат, се секогаш најдобрите луѓе.

8. Тајната на секој рецепт е една полна лажица љубов.

9. Никогаш не му верувај на слабиот готвач.

10. Нема поискрена љубов од онаа кон храната.

11. Готвам со вино. Понекогаш дури го додавам и во јадењето.

12. Забава без торта е обична средба.

13. На добриот готвач никогаш не му недостасуваат пријатели.

14. Храната има подобар вкус кога се јаде со семејството.

15. Дел од тајната за успешен живот е да го јадеш тоа што го сакаш.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg