10-те земји кои најмногу се грижат за своите жители

Во поголемиот дел од земјите во светот реалноста се сведува на работата, но постојат и такви земји кои на малку поинаков начин се грижат за своите граѓани.

10te-zemji-koi-najmnogu-se-grizat-za-svoite-ziteli-01.png

Така на пример, во Франција постои нов закон кој им дава право на работниците да игнорираат и-мејл после 6 часот, а во Шведска се испробува 6-часовниот работен ден.

Франција и Шведска не се единствените примери:

Холандија

Во Холандија можете да земете и до две години болничко отсуство, а да добивате 70% од платата.

Литванија

Вработените тука законски мораат да имаат минимум 28 платени денови за одмор. Шведска, Франција и Данска не се далеку - тука имаат право на минимум 25 денови за одмор.

Британија

Во Велика Британија новопечените мајки можат да земат 52 слободни недели, а да добиваат плата за 39 од нив.

Бутан

Оваа малечка нација сместена помеѓу Кина и Индија официјално води сметка за среќата на своите граѓани. Општиот национален индекс на среќа е прашалник кој секоја година го добиваат, а на него можете да сретнете прашања како: „Колку им верувате на соседите?“, „Дали лажењето е оправдано?“, „Дали се чувствувате како странец во сопственото семејство“...

Исланд

Некои земји им нудат и на новопечените татковци да земат слободни денови за да поминат време со своите новороденчиња. Во Исланд можат да земат дури 120 денови со 80% од платата.

Шведска

Затворите во Шведска се наменети да ги рехабилитираат криминалците, а заради тоа, процентот на затвореници кои се враќаат назад во затворите е намален за 40%.

Шпанија

Шпанците имаат најмногу државни празници во Европа - 14 поточно.

Данска

Лицата кои се отпуштени во Данска продолжуваат да земаат до 90% од платата која претходно ја имале, во наредните 104 недели.

Финска

Во Финска новопечеинте родители имаат голем број на бенефиции - заедно можат да земат 158 слободни денови, добиваат кутија со основни работи за грижа околу бебето, скратено работно време додека детето не наполни 2 години и бесплатен дневен центар за грижа на децата.

Канада

Канада е меѓу најсреќните земји во светот затоа што е во првите 10 земји во кои граѓаните имаат прилично големи приходи (дури и откако ќе се платат даноците), а се меѓу последните 10 земји во кои граѓаните работат прекувремено.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Шпекулации за љубовна врска со Шакира, родителите му се славни бодибилдери: Што знаеме за Алфи од Em... Беше доволно само кратко појавување во една епизода на Emily in Paris, за Лусиен...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Не се сексуални работнички, тренираат напорно: Факти за јапонските гејши Пред да станат гејши жените имаат многу тешки тренинзи, учат да танцуваат со леп...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg