Безвременски правила за живеење според Махатма Ганди
На овој човек не му треба претставување. Неговото име во Индија било изрекувано, на ист начин како што се повикуваат светците.
Целиот свет знае за човекот кој ѝ ја донесе слободата на сопствената земја, само преку мир и љубов во 1947-та година.
Да се потсетиме на неколку лекции од легендарниот спиритуален водач:
1. Прво ве игнорираат, потоа ви се смеат, потоа се борат со вас, а на крајот вие победувате.
2. Ако немав смисла за хумор, одамна ќе се самоубиев.
3. Око за око и целиот свет на крајот останува без очи.
4. Светот има доволно за секого, но не доволно за алчноста на некои.
5. Иднината зависи од тоа што ќе направите денес.
6. Најдобриот начин да се пронајдете е да им служите на другите.
7. Што и да правите ќе биде незначително, но важно е да го правите тоа.
8. Слободата не вреди да се има, ако не е вклучена и слободата да погрешите.
9. Единствениот тиранин кој го прифаќам е само гласот во мене.
10. Големината на една нација може да се види по начинот на кој се третираат животните таму.
11. За мене тоа отсекогаш била најголема мистерија, како некој може да се чувствува почестен од понижувањето на другите околу него.
12. Малку одлучни души пуштени од страна на незаситна вера, можат да ја поменат историјата на човештвото.
13. Слабите не можат да простат. Простувањето е карактеристика само на силните.
14. Љубовта не зема, само дава.
15. Најдете ја целта, средствата сами ќе следат.
16. Живејте едноставно за другите едноставно да можат да живеат.
17. Гневот е непријател на ненасилноста, а гордоста чудовиште кое голта.
18. Не е мудро да бидете сигурни во сопствената мудрост.
19. Човечкиот глас никогаш нема да стигне далеку ако сè уште е мал гласот на совеста.
20. Еден грам трпение вреди повеќе од тони проповедање.
21. На нежен начин, можете да го тресете светот.
22. Никој не може да ме повреди без моја дозвола.
23. Каде постои љубовта, таму е и Господ.
24. Каква разлика им прави на мртвите, сиромашните, сираците и бездомниците дали уништувањето се прави во име на тоталитаризмот или во името на демократијата и слободата?
25. Не смеете да ја изгубите довербата во човештвото затоа што човештвото е океан кој не може да се извалка само од неколку капки нечистотија.
26. Човекот е производ на сопствените мисли, што мисли тоа станува.
27. Кажаното „не“ под најдлабоки убедувања е подобро од кажаното „да“ само за да се задоволат туѓите потреби.
28. Силата не доаѓа од физичкиот капацитет, туку од неуништливата волја.
29. Вистинската убавина лежи во чистотата на срцето.
30. Морате да се промените, ако сакате да видите промена во светот.
Н. Г. | Црнобело