Како браќата Влад и Ники станаа успешни јутјубери - Заработуваат милиони благодарение на родителите
Нивите родители, Сергеј и Викторија Вашкетов, им помогнаа на Влад и Ники да направат кариера како Јутјубери речиси од раѓање. Денес секое нивно видео од само неколку минути заработува до 312.000 долари, а имаат и свој бренд за играчки. Како овие двајца млади јутјубери заработија милиони благодарение на видеата за деца што ги објавуваат?
Во 2018 година, на платформата Јутјуб објавувајќи видеа на 16 канали (преведени на 13 јазици) браќата Влад и Ники станаа вистински хит.
Овој проект насловен „Влад и Ники“ за кратко време успеа да го освои светот.
Браќата започнаа да прикачуваат видеа за деца, каде што ги отпакуваа нивните играчки, бонбони и многу други интересни активности што најмладата генерација ги обожава.
Нивната мајка Викторија неодамна за медиумите откри како започнало ова семејно хоби кое за кратко стана семеен бизнис.
„Момците гледаа други видеа и беа инспирирани. Кога нѐ прашаа дали можат да почнат да прават свои видеа и да станат „јутјубери “, јас и мојот сопруг Сергеј рековме: „Зошто да не?“.
Сергеј започна правејќи забавни видеа со нив за време на викендите кога тој не работеше.
Ги уредувавме во слободно време, а потоа почнавме да ги објавуваме. Но, немавме поим дека ќе бидат толку голем хит.
Викторија признава дека на почетокот не очекувале дека нивните синови ќе станат толку популарни. Посочува дека како што растела публиката, така се зголемувало и нивното знаење за продукција, монтажа и специјални ефекти.
„Влад и Ники станаа омилени кај децата од предучилишна возраст, предизвикувајќи насмевка на нивните лица и споделувајќи ги нашите семејни авантури“, рече мама Викторија за магазинот People.
„Она што започна како забавна активност стана хоби за нашето семејство.
Заеднички учествуваме во сите активности, си играме со нашите момчиња и во исто време создаваме содржини што ги забавуваат другите“, истакна Викторија.