Прочитајте секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно добри: Поучна приказна за две кофи

Понекогаш не го гледаме она што другите го гледаат во нас, а најчесто тоа е најдоброто нешто кое го носиме во себе. Затоа никогаш не заборавајте кои сте и што сте постигнале во животот...

Procitajte-sekogas-koga-kje-pomislite-deka-ne-ste-dovolno-dobri-Poucna-prikazna-za-dve-kofi-01

Некогаш многу одамна живеела една постара жена која морала секое утро да оди до реката за да донесе вода за пиење, готвење и капење. Со себе носела две кофи кои ги полнела од реката и потоа ги носела до својата куќа.

Едната канта била понова, без дупки. Другата канта била постара, со неколку пукнатини кои пропуштале вода и низ кои водата течела по целиот пат. Додека жената да стигнела до дома, речиси третина од водата истекувала.

Еден ден, на редовниот пат до реката, старата кофа – која секогаш чувствувала дека е помалку вредна од другата кофа – ѝ рекла на старата жена: „Сакам да знаеш дека од мене тече вода секое утро по целиот пат во изминатата година. Многу ми е жал заради тоа и затоа што ти го отежнувам животот. Ќе разберам ако сакаш да ме замениш со нова кофа.“

Жената се насмеала. „Дали навистина мислиш дека за цело време не знаев за твоите пукнатини?“ – ја запрашала. „Погледни ги само овие прекрасни цвеќиња кои растат по патот од реката до мојата куќа. Јас го засадив нивното семе, но ти си таа која ги полева секое утро.“

ЗАПОМНЕТЕ:

Чувството за тоа колку сте добри во животот, на работа или во односите со саканиот/ата или блиските луѓе е врзан со начинот на кој гледате на дупките во вашите кофи. Бидејќи сите ние имаме неколку пукнатини!

Но, зарем тие пукнатини се она што нè уништува и нè прави помалку сакани или потребни?

Или тие пукнатини оставаат зад нас траги од прекрасно цвеќе кое едноставно не сме имале време да го видиме и да ја сфатиме неговата убавина и цел?

Изберете да гледате цвеќе заради пукнатините - изберете да сфатите дека токму тие пукнатини ве прават добра личност, и целиот свет ќе се промени во вас.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди? Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ги надминете тешките моменти во бракот „Не може да се уништи бракот сè додека и двајцата сте спремни да прест...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg