Факти за животот на Салвадор Дали: Верувал дека е реинкарнација на својот брат
Шпанскиот надреалистичен сликар, Салвадор Дали, е роден на 11 мај во 1904-та година. Тој, освен што бил сликар се занимаваше со филм, скулптура и фотографија.
Уметнички израз на Дали е во симболичната комплексност на неговите дела, а се смета за еден од најголемите уметници на 20-от век.
Како што тој самиот кажувал: "Јас не користам дрога, јас сум дрога".
Запознајте го Салвадор Дали преку овие интересни факти:
1. Неговиот брат, исто така се викал Салвадор, а почин девет месеци пред да се роди Дали. Охрабрен од своите родители, тој верувал дека е реинкарнација на својот брат, а оваа тема понекогаш ја вклучувал во неговата работа.
2. Мајка му починала во 1921 година од рак на дојка. Дали имал само шеснаесет години, а оваа трагедија му оставила белег.
3. Дали се преселил во Мадрид за да студира на Факултетот за ликовни уметности. Тој експериментирал со кубизмот, а исто така стекна репутација на ексцентрик.
4. Тој бил избркан од Факултетот за ликовни уметности поради неговото предизвикување немири. После ова го посетил Париз каде го запознал Пабло Пикасо.
5. Дали и неговата сопруга, Гала, се преселиле во Америка за да избегаат од Втората светска војна. Таму живееле осум години.
6. Се вратил во Париз после војната и почнал да експериментира со други форми и различни техники. Користел оптички илузии и визуелни игри на зборови, а исто така бил заинтересиран за математиката и науката, особено за структурата на ДНК.
7. Дали го дизајнирал логото на познатите мастики Chupa Chups.
8. Неколку слики често се појавуваат во неговите дела. Тие вклучуваат топењето на часовниците, слонови, јајца, мравки, полжави и скакулци.
9. Салвадор Дали има насликано повеќе од 1.500 слики во неговиот живот. Тој, исто така, создал бројни цртежи, илустрации, скулптури, кратки филмови, книги и литографии.
М. А. | Црнобело