Неколку интересни психолошки факти: Ако сте изложени на сонце ќе бидете посреќни

Психологијата е наука која се занимава со емоционалните и когнитивните процеси кај човекот. Како наука е доста имплицирана во секојдневието.

nekolku-interesni-psiholoshki-fakti-ako-ste-izlozeni-na-sonce-kje-bidete-posrekjni-01.jpg

Многу од психолошките истражувања се покажале како корисни за секојдневното функционирање.

А, во фактите од психолошките истражувања несомнено секој се пронаоѓа.

Проследете некои интересни психолошки факти од секојдневниот живот во кои ќе го препознаете своето однесување:

1. Луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце, имаат повеќе шанси да бидат среќни.

2. Немањето пријатели и живеењето изолирано може да биде исто толку ризично како пушењето една кутија цигари на ден.

3. Психолошки гледано, кога вие сте несреќни, имате чувство дека сите околу вас се среќни.

4. Студија на Харвард открила дека благо растроените личности се покреативни од „обичните луѓе“.

5. Емоционалната болка влијае на реорганизација на човечкото размислување, односно предизвикува драматични промени кај повеќето луѓе.

6. Срамежливите личности се често поинтелегентни и повнимателни.

7. Психологијата открила дека честа причина за депресија е претераното размислување за ситниците, односно создавање проблем онаму каде што го нема.

8. Некои истражувања утврдиле дека говорот и самоохрабрувањето пред огледало ментално зацврстуваат.

9. На светско ниво, докажано е дека депресијата е на четврто место како причина за прерана смрт.

10. Четири од пет личности со мала самопочит ќе ги потценуваат луѓето околу себе за да се чувствуваат подобро, повитално и попаметно.

11. Всушност може да се умре од страв, затоа што ослободувањето на огромна количина на адреналин може да биде токсична за организмот.

12. Луѓето кои имаат непрестајна потреба да ги поправаат туѓите граматички грешки патат од одредена верзија на опсесивно компулсивно нарушување која се нарекува синдром на граматичко поправање.

13. Озборувањето предизвикува лачење на хемикалии во мозокот кои ги прават луѓето посреќни и долговечни.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Бил посреќен пред да се прослави со улогата на Габриел - Кој е Лукас Браво, згодниот готвач од Emily... Emily in Paris имаше премиера на 4-та сезона, а под долгата коса, брадичката и г...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
„Не ја сфаќам опседнатоста на фановите со Силви во ‘Emily in Paris’“: Која е харизматичната Филипин ... За некого Емили е омилениот лик од серијата Emily in Paris, други го обожаваат Л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg