Научив дека колку помалку време имам, толку повеќе работи можам да направам
Научив дека најспокојното чувство во светот е кога детето ќе ти заспие во раце.
Научив дека е поважно да бидеш љубезен, отколку во право.
Научив дека кога само една личност ќе ми каже „ми го разубави денот...“ денот ми е сосема поинаков.
Научив дека никогаш не смееш да одбиеш подарок од дете.
Научив дека секогаш можеш да се молиш за некој, ако самиот не знае како да си помогне.
Научив дека без оглед на тоа колкава сериозност се очекува од тебе, секогаш ти е потребен еден пријател со кој можеш да се изглупираш.
Научив дека понекогаш на луѓето им треба само нечија рака и срце за разбирање.
Научив дека секоја секојдневна ситница го прави животот спектакуларен.
Научив дека под сечиј тврд оклоп се крие душа која има потреба да биде сакана и ценета.
Научив дека никој ништо не направил во еден ден. Тогаш, зошто морам баш јас?
Научив дека ако ги игнорирам и избегнувам фактите и проблемите, не ги менувам.
Научив дека кога планираш да му се одмаздиш на некој, само му даваш дозвола и понатаму да те повредува.
Научив дека љубовта, а не времето, ги лечи сите рани.
Научив дека најлесен начин да растам како личност е да се опкружам со луѓе кои се попаметни од мене.
Научив дека кога некого ќе сретнеш, заслужува да го поздравиш со насмевка.
Научив дека животот е суров и тежок, но јас сум поиздржлив и посилен.
Научив дека добрите прилики никогаш не се изгубени - ако не ти, некој друг ќе се послужи со нив.
Научив дека насмевката е единствениот евтин начин да си го поправиш изгледот.
Научив дека кога еднаш новороденото внуче ќе ти го дофати прстот со целото свое раче, освоен си за цел живот.
Научив дека колку помалку време имам, толку повеќе работи можам да направам
Научив, но и понатаму учам...