Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите

Секоја насмевка има своја приказна. Секоја насмевка е посебна. Сите научни истражувања потврдуваат дека смеењето е одлично за нашето здравје. И да, насмевката е заразна, затоа носете ја што почесто.

ako-nemash-nasmevka-kje-ti-dadam-edna-od-moite-01.jpg

Следуваат најубавите цитати за една мала, а толку моќна работа - нејзиното Височество, насмевката:

„Насмевката е универзалното добредојде.“ – Макс Истман

„Смејте се! Тоа ја зголемува вредноста на вашето лице.“ – Роберт Харлинг

„Насмевката не чини ништо, но многу дава. Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши оние кои ја даваат. Одзема само момент, но сеќавањето од неа понекогаш може да трае засекогаш. Никој не е толку богат или моќен за да може да оди напред без неа и никој не е толку сиромав за да не може да се збогати со нејзина помош. Сепак, насмевката не може да се купи, не може да се бара, позајмува или краде. Таа е без вредност за никого додека не се подари. Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки бидејќи никому не му треба насмевка толку многу колку на оној кој нема насмевка да даде.“ – непознат автор

„Потребен е голем напор за лицето да намести насмевка, но само помислете колку добро смеењето може да му донесе на најважниот мускул во вашето тело – срцето.“ – непознат автор

„Мирот почнува со насмевка.“ – Мајка Тереза

„Секое намуртено лице крие и облици на пријатни насмевки, кои само чекаат да бидат ослободени.“ – д-р Санволф

„Насмевката е евтин начин да си го промените изгледот.“ – Чарлс Горди

„Борите треба само да покажуваат каде претходно имало насмевка.“ – Марк Твен

„Луѓето ретко ја забележуваат старата облека, доколку носите широка насмевка.“ – Ли Милдон

„Насмевката ќе го збуни намуртениот лик кој ви приоѓа.“ – непознат автор

„Животот е како огледало, ги добиваме најдобрите резултати кога се смееме.“ – непознат автор

„Носи насмевка и ќе имаш пријатели, носи намуртено лице и ќе имаш брчки.“ – Џорџ Елиот

„Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

„Никогаш не сте целосно облечени без насмевка.“ – Мартин Чарнин

„Потребни се 17 мускули за да се насмеете и 43 за да се намуртите.“ – непознат автор

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Станал алкохоличар на 15 години: Факти за актерот кој го глумеше Алехандро во серијата „Руби“ Славниот мексикански заводник Едуардо Сантамарина водел бурен и турбулентен живо...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg