„Подобро да издадете книга отколку пријател“: 20 изјави од Алан Форд
Бројни генерации пораснаа со легендарната дружина на Алан Форд, а што е најважно низ страниците на неговите дела може да се сретнат и мали комични мудрости кои ја отсликуваат реалноста.
Издвојуваме 20 незаборавни:
1. „Подобро да живеете 100 години како милионер, отколку 7 дена во беда“.
2. „Не е важно дали сте учествувале, важно е да победите“.
3. „Ако планирате да победите, не смеете да изгубите“.
4. „Кој спие, не е буден“.
5. „Наоружај се и бегај“.
6. „Подобро нешто од ништо, отколку ништо од ништо“.
7. „Ако сакате да победите во трка, морате први да ја поминете целта“.
8. „Никогаш не се предавајте, освен ако не морате“.
9. „Алане, да бегаме, двајца се, а ние сме сами“.
10. „Проклетство, овој ѕид е мазен како мазен ѕид“.
11. „Ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме“.
12. „Овде почива оној кој веќе го нема (епитаф)“.
13. „Мене најмногу ме погодува мојата сопствена смрт“.
14. „Подобро е да бидете богати отколку не“.
15. „Купете цвеќе на саканата, но не ја заборавајте и сопругата“.
16. „Познатите сицилијански адвокати тврдат дека сè е плод на полициската фантазија“.
17. „Не и верувајте на жената која лаже“.
18. „Кој оди – не трча“.
19. „Кој лета – вреди, кој вреди – лета, кој не лета – не вреди“.
20. „Подобро да издадете книга отколку пријател“.